Обвинителството формираше посебна комисија за следење на евентуални нерегуларности за време на изборите. Во координација со институциите е и Агенцијата за национална безбедност која работи на собирање сознанија за можни неправилности.
-
Македонија 24.04.2024 09:20
-
Македонија 24.04.2024 09:20
Тетовчани го остваруваат своето гласачко право
Во мирна и демократска атмосфера започна гласањето во сите гласачки места во Тетово и во сите општини кои гравитираат кон Тетово. Оттаму известува Зоран Димовски.
-
Македонија 24.04.2024 09:17
До 9 часот нема пријавено нерегуларности, непречено тече изборниот процес
Два часа се одвива гласањето за првиот круг од претседателските избори. Граѓаните кои сакаат да гласаат, мора да се појават на гласачкото место со важечки документ за идентификација, може да се гласа со истечена лична карта или пасош, но не постари од 9 месеци.
-
Македонија 24.04.2024 09:07
Лични документи може да се подигнат и денеска
МВР информира дека сите граѓани кои имаат поднесено барање за нови лични карти и кои им се готови истите ќе може и денеска да ги подигнат.
Граѓаните на Скопје ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици на територијата на градот.
-
Македонија 24.04.2024 09:01
Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачко право
Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг од претседателските избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321, информираат од канцеларијата на омбудсманот.
-
Македонија 24.04.2024 08:54
Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 24.04.2024 08:45
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на денешните претседателски избори
Согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за изборите оваа година, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.
-
Македонија 24.04.2024 08:39
Упатство за гласање на претседателските избори
Државната изборна комисија објави упатство за гласање на претседателските избори. Во него во 18 точки се појаснуваат начинот и процесот на гласање на избирачките места.
Во продолжение е целосното упатство на ДИК за гласање на претседателските избори:
-
Македонија 24.04.2024 07:57
Податоци за текот на гласањето и одѕивот
Седми по ред претседателски избори. Со право на глас се милион 814 илјади 317 граѓани. Од Државната изборна комисија известува Елизабета Кузмановска.
-
Македонија 24.04.2024 07:52
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.










