Вила „Водно“ чека нов домаќин. Седуммина во игра да влезат во резиденцијата и да ја извршуваат претседателската функција. Ќе добие ли Македонија повторно татко на нацијата, или можеби тоа ќе биде мајка на нацијата?
-
Македонија 24.04.2024 19:05
-
Македонија 24.04.2024 18:53
Првичните неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти околу полноќ
Првичните неофицијални резултати од првиот круг на претседателските избори Државната изборна комисија ќе ги објави околу полноќ.
-
Македонија 24.04.2024 18:22
Гласањето се одвива непречено во Струга
Изборниот процес во општина Струга се одвива непречно, во мирна атмосфера. Нема неправилности ниту инциденти. Со какви очекувања се гласачите, известува Соња Рилковска.
-
Македонија 24.04.2024 18:15
Во населба Ченто изборниот процес се одвива мирно
Новинарските и техничките екипи на Македонската телевизија уште од изутрина се на терен, го следиме изборниот процес на ниво на целата територија. А да видиме како се одвива гласањето во населбата Ченто. Андријана Ѓурческа известува од таму.
-
Македонија 24.04.2024 18:11
ДИК: Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18%
Одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 17 часот попладнево изнесува 44,18 проценти, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 1.788 избирачки места.
-
Македонија 24.04.2024 17:41
Во Куманово не се отворени три избирачки места
Три избирачки места во Куманово не се отворени за гласање. Во останатите 164 гласањето се одвива непречено. Засега не се регистрирани поголеми проблеми. Од Куманово известува Елена Георгиевска.
-
Македонија 24.04.2024 17:33
Гласањето тече без поголеми нерегуларности
Неполни два часа до затворање на гласачките кутии. Граѓаните на седмите по ред претседателски избори можат да гласаат на 3.480 избирачки места во Mакедонија, а право на глас во Избирачкиот список имаат 1.814.317 граѓани. Засега процесот тече без поголеми нерегуларности.
-
Македонија 24.04.2024 16:40
МВР: Повеќе граѓани го фотографирале гласачкото ливче
Од 11 до 14 часот, за време на изборниот процес, пријавени се пет лица кои ги фотографирале гласачките ливчиња, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пријавен е С.А. во село Коцалија, Радовиш на избирачко место 1.602. Околу 12 часот, 40-годишниот А.С.
-
Македонија 24.04.2024 16:31
Гласање на граѓаните од Драчево
Во основното училиште „Рајко Жинзифов“ во Драчево има 10 избирачки места. Граѓаните може да го остварат своето право на глас до 19 часот.
На избирачкото место 2.780 има вкупно 788 гласачи досега излезноста е над 46 проценти, велат од Избирачкиот одбор.
-
Македонија 24.04.2024 16:29
Во Кисела Вода гласањето се одвива во најдобар ред
Седми по ред претседателски избори. На 3.480 избирачки места во Македонија со право на глас во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 граѓани.
И во Општина Кисела Вода гласањето се одвива во најдобар ред. Таму беше Александра Спировска.










