До 15 часот до Државната изборна комисија пристигнати се податоци за излезеност на гласачите од 2.110 избирачки места. Од вкупно запишани 1.092.341 гласачи на овие избирачки места, гласале 392.066 односно 35,89%.
-
Македонија 24.04.2024 15:56
-
Македонија 24.04.2024 15:39
Во Битола гласањето се одвива во демократска атмосфера
По традиција битолчани помасовно излегуваат на гласање во втората половина од изборниот ден. Но колку провејува демократскиот дух и колкава е излезноста до 14 часот, од Битола известува Стевче Митревски.
-
Македонија 24.04.2024 15:33
Непречено се одвива гласањето во Гази Баба
Гласањето во Општина Гази Баба се одвива во најдобар ред. Навремено се отворени гласачките кутии во 7 часот. Општина Гази Баба има 92 избирачки места. Известува Александра Спировска.
-
Македонија 24.04.2024 15:33
Велешани го остваруваат своето гласачко право
Споредено со локалните избори од октомври 2021 година, во централна Македонија, велешко, има околу 1,2 илјади гласачи помалку. Од утрово до сега 14 ч. нема регистрирано поплаки и реакции на граѓани дека не можат да го остварат избирачкото право.
Известува Петар Печков
-
Македонија 24.04.2024 15:31
Мирна атмосфера и непречено гласање за претседател во Драчево
Гласањето во Драчево се одвива во мирна атмосфера и не се прогласени поголеми нерегуларности. Известува Ана Јосифоска-Тодоровска.
-
Македонија 24.04.2024 15:22
ДИК: Излезеноста до 13 часот е 26,35 проценти
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, го објави новиот пресек за излезеност на гласачите до 13 часот.
-
Македонија 24.04.2024 15:20
Македонија гласа на седмите претседателски избори
Седми по ред претседателски избори. На 3.480 избирачки места во Македонија со право на глас во Избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 граѓани.
-
Македонија 24.04.2024 14:42
Гласање во скопски Карпош
Поради технички проблеми едно од гласачките места во основното училиште „Јан Амос Коменски“ било отворено во седум часот и десет минути.
-
Македонија 24.04.2024 14:07
Бајрами: Изборниот ден до овој момент поминува мирно
Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во првиот круг од изборите за претседател на Република Северна Македонија до овој момент поминува мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес, изјави јавниот обвинител Џељањ Бај
-
Македонија 24.04.2024 14:00
Мирен изборен ден со одредени нерегуларности
До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, известуваат од МВР. Досега изборниот процес се одвивал мирно, без проблеми.










