Припадници на полицијата утрово влегоа во затворот „Идризово“ во Скопје. Се вршат претреси во казнено-поправната установа. Во очекување на подетални информации од МВР за спроведената акција, се огласија од Обвинителството.
-
Македонија 11.04.2024 12:28
-
Македонија 11.04.2024 12:26
Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски на средби со граѓаните во тиквешијата
Направивме многу крупни работи во периодот од мојот петгодишен мандат. Секако најкрупната беше влезот во НАТО алијансата. Малата Македонија со 1,8 милиони луѓе седи на иста маса со суперсилите.
-
Македонија 11.04.2024 12:26
Гордана Силјановска- Давкова одржа митинг во Струмица
Се срамам што живеам во држава каде што народот се смета за несреќен благодарение на актуелната власт. Вака кажа во Струмица претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова. Подвлече дека социјалдемократијата во Македонија се изместила.
-
Македонија 11.04.2024 11:31
Македонија бележи значително опаѓање во годишниот извештај на Фридом Хаус
Македонија останува хибриден режим и во најновиот извештај на Фридом Хаус „Нации во транзит“. Во таа категорија се 11 држави, кои имаат карактеристики на автократија и демократија. Во земјава има најголем пад во регионот после Србија.
-
Македонија 11.04.2024 10:54
Жичницата на Водно денеска нема да работи
Жичницата на Водно денеска нема да работи поради предвидени технички зафати, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.
Оттаму, најавуваат дека утре објектот ќе продолжи да работи со вообичаено работно време.
-
Македонија 11.04.2024 09:51
Приведен крадец во Скопје, фатен на дело
На 11.04.2024 околу 03.00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци, со живеалиште во Скопје. Тој бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во филијала на банка на подрачјето на општина Аеродром.
-
Македонија 11.04.2024 09:49
МВР: 271 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 271 возач.
-
Македонија 11.04.2024 09:35
Приватните специјализанти од понеделник најавија генерален штрајк
Приватните специјализанти најавија генерален штрајк од понеделник. Тие велат дека и покрај одржаниот протест на приватни специјализанти на 27 март и остварената средба со министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, на 2 април, сè уште не биле исполнети нивните барања.
-
Македонија 11.04.2024 09:28
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 11.04.2024 09:04
ЦУК: Десет пожари на отворено во последното деноноќие
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 10 пожари на отворено во последното деноноќие, од коишто утрово еден е сè уште активен.










