Една третина од населението во земјава е вработено, покажа извештајот на Заводот за статистика за пазарот на трудот во последниот квартал на минатата 2023-та година. Од вкупно 1.515.627 лица кои се во категоријата работоспособно население од 15 до 89 години, вработени се над 687.000 лица.
-
Македонија 14.03.2024 14:44
-
Македонија 14.03.2024 14:14
Трансплантацијата единствена надеж за пациентите кои одат на дијализа
Три дена во неделата по четири часа Даница е поврзана на апаратите за дијализа – вака живее речиси 13 години. Овој начин на живот вели е тежок, целосно се менуваат навиките. Болеста и е наследна, се надева дека ќе и биде пресаден бубрег.
-
Македонија 14.03.2024 14:13
Казнети 207 возачи за брзо возење на територијата на цела држава
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 207 возачи, информираат од МВР.
-
Македонија 14.03.2024 14:11
Тројца мажи осомничени за насилство спрема две жени во виничко
Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против три лица од виничкото село Трсино, за кои постои сомнение дека во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз две жени и притоа им нанеле телесни повреди.
-
Македонија 14.03.2024 14:07
Има сегрегација, но не ја прави училиштето
Не правиме ниту дискриминација, ниту пак сегрегација, вели менаџментот на најголемото прилепско училиште во населбата Тризла каде близу 90 насто се ученици од ромска националност.
-
Македонија 14.03.2024 13:47
Децата кои примиле три дози на ди-те-пер вакцина ќе може да одат во градинка
На децата кои во последните шест месеци ја завршиле примоимунизацијата, односно вакцинацијата со три дози од ди-те-пер ќе им биде дозволено да посетуваат градинка, со напомена ревакцината редовно да ја примат после шест месеци.
-
Македонија 14.03.2024 13:33
Утврдена дискриминација на ромски деца во прилепско училиште
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во најголемото прилепско Основно училиште „Добре Јованоски“ утврдила индиректна дискриминација на ромските деца врз основа на етничката припадност.
-
Македонија 14.03.2024 13:17
1.540 пациенти одат на дијализа
Во државава се проценува дека хроничната бубрежна болест е застапена кај 10 насто од населението, додека во краен стадиум на болеста на лекување со дијализа се 1.540 лица, покажуваат податоците на здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“.
Андријана Ѓурчевска известува.
-
Македонија 14.03.2024 13:10
Се очекува одлука за задолжителната вакцинација против голема кашлица
Во секој момент се очекува одлуката од Комисијата за заразни болести за тоа кое дете се смета за целосно вакцинирано, а кое некомплетно имунизирано со ди-те-пер вакцините. На денешниот состанок се решаваат токму овие дилеми.
-
Македонија 14.03.2024 13:03
Петровска: Инвестирањето во Армијата е инвестирање во иднината на нашата држава
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска на брифинг со претставниците на медиумите ја образложи одлуката за набавка на осум нови повеќенаменски хеликоптери од типот AW149 и AW169M за Армијата на Република Северна Македонија од светски познатата и реномирана компанија „Леонардо“.










