• Македонија 13.07.2026 14:07

    Син уби татко кој ја нападнал мајка му

    Јавноста повторно е потресена од уште едно во низата убиства поради семејно насилство. Млад човек си ја запечати својата судбина убивајќи го својот алкохолизиран татко за да ја заштити мајка си од неговото малтретирање при што се здобила со повреди.

  • Македонија 13.07.2026 13:27

    Ново судско рочиште за пожарот во „Пулс“

    Во големата судница во „Идризово“ продолжи судењето за кочанската трагедија, со презентирање докази на Обвинителството за градежното вештачење направено од повеќе професори.

    Наташа Јанчиќ Менковски го следи новото рочиште за случајот „Пулс“.

  • Македонија 13.07.2026 13:24

    Рокот тече, нема договор

    Рокот пред истекување, нова средба за изборниот законик нема. Партиите остануваат на своите позиции во однос на електронското гласање на дијаспората и за изборните правила. Андријана Ѓурческа е во Собранието.
     
    Андријана Ѓурческа

     

  • Македонија 13.07.2026 13:15

    На пленарна седница, реконструкција на Владата

    Собранието расправа за реконструкцијата на владиниот кабинет. На дневен ред  предлозите за разрешување на неколку министри и заменици-министри, како и за избор на нивните наследници.

    Викторија Милевска известува од законодавниот дом.

  • Македонија 13.07.2026 13:00

    Продолжуваат нападите на Блискиот Исток

    Уште една ноќ на Блискиот Исток помина со сирени за опасност. Американската војска изврши нов бран напади врз цели во Иран. На удар системите за противвоздушна одбрана и радарски станици.

  • Македонија 13.07.2026 12:43

    Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет

    Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).

  • Македонија 13.07.2026 10:38

    Во „Идризово“ продолжува судењето за кочанската трагедија

    Во големата судница во „Идризово“ продолжува судењето за кочанската трагедија, со презентирање докази на обвинителството. Се очекува да бидат претставени градежните вештачења.

  • Македонија 13.07.2026 09:32

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози

    Сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Радовиш, кај с. Владевци е во прекин во двата правци поради сообраќајна незгода.

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

  • Македонија 13.07.2026 09:09

    Нема напредок за Изборниот законик

    Нема напредок за Изборниот законик што е блокиран со илјадници амандмани. Иако „Левица“ се најави дека за денеска ќе организира средба по повикот од премиерот Мицкоски, опозицијата да излезе со единствен став, СДСМ соопшти дека на таков состанок нема да учествува.

  • Македонија 13.07.2026 08:24

    Владината реконструкција на дневен ред во Собранието

    Собранието денеска се очекува да ја започне 112. седница на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата. Во владиниот кабинет ќе се сменат или ќе ротираат во други ресори осуммина министри и двајца заменици министри.

Pages