Мониторинг мисијата на УНЕСКО овој месец доаѓа во Охридскиот регион. Ќе се врши увид до каде е спроведувањето на препораките, дали регионот ќе го сочува статусот на Светско природно и културно наследство. Активистите сè се погласни, велат ниту една од 12-те препораки не е исполнета.
-
Македонија 07.02.2024 13:46
-
Македонија 07.02.2024 13:36
Средба Џафери - Улман Марти
Премиерот Џафери, денеска се сретна со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во земјава, Вероник Улман Марти.
-
Македонија 07.02.2024 13:36
Нова пленарна седница во Собрание
Во Собранието нова пленарна седница, на која меѓу другите точки е и избор на уставен судија и јавен обвинител. Инаку и натаму разногласие во однос на Алијанса на Албанците. До Собранието сè уште не пристигнало барање за смена на министрите Алиу и Меџити.
-
Македонија 07.02.2024 13:28
Формиран Советот за координација за НАТО
Денеска се формираше Совет за координација на активностите во НАТО. Според надлежните, ова ќе придонесе за подобра соработка со сојузниците во операциите и справување со актуелните закани за Алијансата. Известува Ирина Гелевска.
-
Македонија 07.02.2024 13:14
Состанок на Комисијата за заразни болести, се очекува одлука за состојбата со големата кашлица
Дванаесет регистрирани и многу ризични што не направиле тестирање и се лекуваат дома. Комисијата за заразни болести влезе на состанок на кој ќе носат одлука за состојбата со големата кашлица.
-
Македонија 07.02.2024 13:12
Во пунктот „Пролет“ граѓаните се фотографираат на закажан термин
Во пунктот „Пролет“ веќе функционираат 14 бази за фотографирање. Метежот го нема повеќе. Тука се само граѓаните на кои им е презакажан терминот.
-
Македонија 07.02.2024 12:42
Дијабетичарите повторно се соочуваат со недостиг на инсулин и терапија
Пациентите со дијабетес имаат недостиг на инсулин предупредуваат од Сојузот на Здруженија на дијабетичари на Македонија. Констатирано е дека се појавува и недостиг на антидијабетна терапија Оземпик и Рибелсус.
-
Македонија 07.02.2024 12:22
Со сегашнава динамика за 300 години Куманово целосно ќе се гасифицира
Дури 300 години се потребни Куманово целосно да се гасифицира, покажуваат анализите. Годишно се гради само еден километар гасоводна мрежа. Севкупно изградени се 23 километри, што е помалку од 10 отсто од предвиденото. Претпријатието нема капацитети мрежата да ја развива од сопствени средства.
-
Македонија 07.02.2024 12:13
Пендаровски: Албанец може да биде претседател на државата, но ќе мора да биде поддржан од сите етникуми
Албанец може да биде на функцијата претседател на државата, но мора да ја има и поддршката од сите етникуми, одговорил претседателот на државата Стево Пендаровски, во интервју за „Еуроњуз Албанија“ на прашањето за можноста Албанец да ја преземе функцијата претседател на Северна Македонија.
-
Македонија 07.02.2024 11:55
Професорката Билјана Ванковска е претседателски кандидат на Левица
Претседателски кандидат на Левица ќе биде професорката Билјана Ванковска, соопшти денес лидерот на партијата, Димитар Апасиев. Додаде дека тој и сопартијците како млади политичари чувствувале должност да извадат свој кандидат за претседателски избори.










