На пунктот за фотографирање за лични документи „Пролет“ и денеска метеж. Се чека и кога треба да се подигне готов документ. Ова прашање се очекува да се најде и на денешната владина седница.
Известува Викторија Милевска
На пунктот за фотографирање за лични документи „Пролет“ и денеска метеж. Се чека и кога треба да се подигне готов документ. Ова прашање се очекува да се најде и на денешната владина седница.
Известува Викторија Милевска
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се сретна со претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција ДиЏовани. На средбата се разговараше за идните приоритети во соработката помеѓу Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ.
Мојот чичко работи во Македонска навигација уште од времето пред да се родам, внукот е професионалец школуван во Јапонија-министерот за земјоделство Николовски ги отфрли сомнежите за влијание и непотизам при вработување на негови роднини во М-НАВ.
На 16.01.2024 во 02.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода О.И.(30) од Виница и Д.Д.(32) од Скопје.
Тие се сомничат дека со употреба на сила влегле во повеќе деловни објекти во Куманово и одзеле различни предмети.
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, оствари средба со претседателот на Република Латвија, Едгарс Ринкевичс.
Од први февруари македонските компании кои увезуваат или извезуваат во Србија и обратно, камионите со стока ќе ги мерат само еднаш. Истото ќе се однесува и за стоки кои транзитираат низ двете држави.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска на средбата со директорот на Фондација „Ѓорѓи Марјановиќ“, Александар Марјановиќ, потпишаа меморандум за соработка помеѓу фондацијата и Министерството за труд и социјална политика со која е предвидена соработка во делот на обе
Во текот на првата недела од 2024 година, од 1 до 7 јануари, во земјава се пријавени 1.025 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип. Тоа е 2,5 пати повеќе во споредба со претходната недела, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на 54-от Годишен состанок на Светскиот економски форум, денеска во Давос оствари средба со специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан и дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.
По добиените информации за пропустот поврзан со истакнувањето на официјалното знаме на Република Северна Македонија на тенискиот турнир „Австралија Опен“, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата во Канбера, веднаш реагирало до Министерството за надворешни работи и трговија на Австра