Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани, кој денес престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
-
Македонија 17.01.2024 11:54
-
Македонија 17.01.2024 11:19
Приведен крадец од Желино
Синоќа во спортска обложувалница во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода лицето С.Н.(32) од с. Ново Село, општина Желино. Тој бил фатен при обид да изврши „тешка кражба“ во обложувалницата и кај него бил пронајден и одземен предметот со кој ја отворил вратата.
-
Македонија 17.01.2024 11:14
Османи-Хасани: Северна Македонија и Албанија се подготвени да ги отворат кластерите и поглавјата
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија Игли Хасани, кој е на прва официјална посета на земјава по стапувањето на функцијата.
-
Македонија 17.01.2024 11:08
Денеска седница на Надзорниот одбор на М-НАВ
За денеска закажана седница на Надзорниот одбор на Македонската навигација на која се очекува да биде донесена одлука за разрешување на двајца од тројцата директори на М-НАВ, согласно владината препорака за нивна смена.
-
Македонија 17.01.2024 09:56
СДСМ: Мицкоски и Милошоски се дел од стотиците примери во ДПМНЕ за непотизам
Мицкоски и Милошоски се дел од стотици примери во ДПМНЕ за непотизам. Мицкоски е вработен на Факултет кај својот татко, прво како асистент.
-
Македонија 17.01.2024 09:51
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не е портпарол за вработувањата во М-НАВ, но очигледно не е ниту некаков фактор во владата
„Не сум портпарол на функционерите, чии роднини се вработени во МНАВ“, вели Ковачевски. Точно, Ковачевски не е портпарол на владата за вработувањата во М-НАВ, но очигледно не е ниту некаков фактор во владата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 17.01.2024 09:38
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 17.01.2024 09:34
Пендаровски ќе учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“ на Светскиот економски форум во Давос
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос денеска, ќе говори на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, со почеток во 18:15 часот.
-
Македонија 17.01.2024 09:30
Приведен крадец од Скопје, одземеното е вратено на сопственичката
Вчера во 16.30 часот на подрачје на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода А.Б.(55) од Скопје. При качување во автобус, тој бил затекнат при вршење кражба на мобилен телефон од малолетничка од Скопје.
-
Македонија 17.01.2024 09:29
Седница на Уставен суд, на дневен ред пет иницијативи за оценување на уставност и законитост
Уставниот суд денеска ќе ја одржи втората седница на чиј дневен ред се предвидени пет иницијативи за оценување на уставност и законитост.










