Не бил роден кога неговиот чичко се вработил во Македонска навигација, како тогаш можел да влијае на вработувањето на некој што стручно се усовршувал, а се вработил во 80 – тите години, беше одговорот на министерот за земјоделство Љупчо Николовски откако новинарите го прашаа за обвинувањата дека
-
Македонија 16.01.2024 14:39
-
Македонија 16.01.2024 14:31
Метеж на пунктот „Пролет“, документи се пополнуваат и на корпа за отпадоци
Турканици, караници, чекање со часови – слика пред пунктот „Пролет“ каде граѓаните доаѓаат да се фотографираат за лични документи без закажување. Луѓето се жалат на недоволна ажурност на полициските службеници. Наместо на шалтер или биро, документите ги пополнуваа и на корпа за отпадоци.
-
Македонија 16.01.2024 14:29
Расплетот околу техничката влада треба да почне идната недела
Кон крајот на следната недела, премиерот Ковачевски ќе поднесе оставка од функцијата. Тоа ќе го направат и дел од министрите, кои своите места ќе ги отстапат на кадри на опозицијата.
-
Македонија 16.01.2024 14:07
Потпишан договор за отворање на првиот Ресурсен центар за повратници и други маргинализирани групи
Во Општина Шуто Оризари потпишан е договор за финансирање за отворање на првиот Ресурсен центар за повратници и други маргинализирани групи.
-
Македонија 16.01.2024 13:20
Идната недела епилог за техничката влада
Наближува времето до кога треба да се формира техничката влада за спроведување на изборите. Деновиве премиерот Ковачевски треба да поднесе оставка. На негово место ќе дојде собранискиот спикер Џафери.
Марина Стојанова – Тонева во информира за партиските комбинаторики.
-
Македонија 16.01.2024 13:15
Метеж и најава за решение на проблемот со личните документи
На пунктот за фотографирање за лични документи „Пролет“ и денеска метеж. Се чека и кога треба да се подигне готов документ. Ова прашање се очекува да се најде и на денешната владина седница.
Известува Викторија Милевска
-
Македонија 16.01.2024 12:58
Тренчевска: Децата остануваат наш приоритет, а воедно и соработката со УНИЦЕФ
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се сретна со претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција ДиЏовани. На средбата се разговараше за идните приоритети во соработката помеѓу Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ.
-
Македонија 16.01.2024 12:45
Николовски: Чичко ми е вработен во М-НАВ пред да се родам, а внукот е школуван во Јапонија
Мојот чичко работи во Македонска навигација уште од времето пред да се родам, внукот е професионалец школуван во Јапонија-министерот за земјоделство Николовски ги отфрли сомнежите за влијание и непотизам при вработување на негови роднини во М-НАВ.
-
Македонија 16.01.2024 12:34
Приведени двајца крадци во Куманово
На 16.01.2024 во 02.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода О.И.(30) од Виница и Д.Д.(32) од Скопје.
Тие се сомничат дека со употреба на сила влегле во повеќе деловни објекти во Куманово и одзеле различни предмети.
-
Македонија 16.01.2024 12:33
Средба Пендаровски - Едгарс Ринкевичс
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, оствари средба со претседателот на Република Латвија, Едгарс Ринкевичс.









