На вчерашната седница Владата, на предлог на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, ја усвои новата Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија, со Акциски план 2023-2026 година.
-
Македонија 07.12.2023 11:19
-
Македонија 07.12.2023 09:36
Царинска управа: Запленети непријавени 50.600 евра на Аеродром Скопје
Запленети 50.600 евра коишто патник на влез во државата на царинската филијала Аеродром Скопје, не ги пријавил кај царинските службеници. Патникот кој патувал од Истанбул на влез се определил да помине на зелен канал каде што поминуваат лица кои немаат ништо за пријавување.
-
Македонија 07.12.2023 09:35
ЦУК: Вкупно 1.534 повици за итни случаи
Во Центарот на управување со кризи според последниот извештај имало вкупно 1.534 повици на единствениот број за итни случаи – 112.
-
Македонија 07.12.2023 09:24
Од 11-ти декември изменет сообраќаен режим на патот Прилеп – Битола
Започнувајќи од 11-ти декември ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп-Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот.
Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект.
-
Македонија 07.12.2023 09:16
Обвинителството ќе одлучува дали ќе бара притвор за адвокатот на Палевски
Адвокатот Васко Стојков, со кого Љупчо Палевски, замина во Белград, на распит во полициска станица. Обвинителството денеска ќе одлучува дали ќе бара притвор за него.
-
Македонија 07.12.2023 09:09
Спасовски на средба со раководствата на СВР Битола, СВР Охрид и РЦ Запад
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР, денеска ќе оствари средба со раководствата на СВР Битола, СВР Охрид и РЦ Запад.
Како што информираат од МВР, работната средба ќе се одржи во просториите на Регионалниот центар Запад во Охрид.
-
Македонија 07.12.2023 09:02
Бектеши и Шаќири на состанок со студенти од државните универзитети за новиот пакет антикризни мерки
Министрите за економија и за образование и наука, Крешник Бектеши и Јетон Шаќири, денеска во Министерството за економија ќе имаат состанок со претставници на студентските собранија од неколку државни универзитети во врска со деветтиот пакет антикризни мерки.
-
Македонија 07.12.2023 08:56
Министерката Петровска и амбасадорката Агелер денеска во посета на учесниците на „Храбар партнер 23“
Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со амбасадорката на САД во земјава Анџела Прајс Агелер денеска на Криволак ќе ги посетат 180-те припадници на американската Армија за Европа и Африка, кои со поддршка на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија ја реализираат вежб
-
Македонија 07.12.2023 08:51
Џафери и пратеници од Собранието на 4. Жан Моне Дијалог во Франција
На покана на европратениците Андреас Шидер, Марион Валсман и Илхан Ќучук, олеснувачи на Дијалогот Жан Моне, од денеска до сабота претседателот на Собранието Талат Џафери, заедно со поголема група пратеници и вработени од Службата на Собранието, од денеска до сабота ќе учествуваат на 4.
-
Македонија 07.12.2023 08:46
Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција
Претседателот Стево Пендаровски се обрати на приемот, што по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, се одржа вчеравечер во Скопје.










