Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 8 декември 2023 година (петок), „Св. Климент Охридски“, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
-
Македонија 06.12.2023 12:08
-
Македонија 06.12.2023 11:57
Палевски да биде задржан во притвор, побара Министерството за правда од турските власти
Министерството за правда информира дека од надлежните турски власти побарале Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, да биде задржан во притвор поради екстрадиција сè до завршувањето на постапката.
-
Македонија 06.12.2023 11:52
Кривични пријави и продолжени притвори на осомничените за двојното убиство
Обвинителството отвори истражна постапка за петмина за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Четворица се сомничат дека како соизвршители сториле две кривични дела – грабнување и две убиства на свиреп начин, едно на малолетно лице и едно од користољубие.
-
Македонија 06.12.2023 11:40
Работилница против насилство врз жени и девојчиња
Економската зависност, срамот од околината и давањето втора шанса на насилникот сè уште се стигми за да се пријави семејното насилство врз девојчиња и жени, анализираат од прилепскиот Центар за социјални работи.
-
Македонија 06.12.2023 11:16
Приведен Полјак кај езерото Треска, фатен е со голема количина лекови
59-годишен полски државјанин е приведен вчера во близина на езерото Треска откако полицијата констатирала дека нема регулиран престој во земјава, а потоа при претрес на неговото возило „мерцедес“ биле пронајдени лекови за кои немал никаква документација ниту потврда за потеклото и за транспортот.
-
Македонија 06.12.2023 10:49
Основците ќе пребаруваат наставни и едукативни содржини преку ИТ опрема за безбеден пристап до интернет
Информатичко – комуникациската инфраструктура во основните училишта во државата се унапредува.
-
Македонија 06.12.2023 10:39
Приведен полски државјанин, пронајдена поголема количина на лекови без соодветна документација
На 05.12.2023 во 16.25 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Сарај, поточно во близина на езерото Треска, приведен е Л.В.П.(59), полски државјанин.
-
Македонија 06.12.2023 10:30
Обвинителството отвори истрага за две крвични дела грабнување и две убиства на свиреп начин
Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои четворица како соизвршители. Се товарат за две кривични дела- грабнување и две убиства на свиреп начин, од користољубие. Петтиот осомничен им помогнал при грабнувањето на малата Вања.
-
Македонија 06.12.2023 10:21
Се очекува во текот на денот да биде испратено барање за екстрадиција на Палевски од Турција
Се очекува во текот на денот да биде подготвено барањето за екстрадиција од Министерството за правда за Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој вчера беше уапсен во Турција.
-
Македонија 06.12.2023 09:16
Снег на Попова Шапка, магла на Плетвар
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла до 100 м.










