Денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски, ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.
-
Македонија 12.02.2026 08:46
-
Македонија 12.02.2026 08:32
Конститутивна седница на Националното собрание на млади
Во Собранието денеска ќе се одржи конститутивна седница на Национално
-
Македонија 12.02.2026 08:16
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
-
Македонија 12.02.2026 08:06
Продолжува судењето за случајот „Онкологија“
Во Кривичниот суд продолжува судењето за случајот „Онкологија 1“ со искази на вештаците од Словенија. Недостиг од наоди, недоволно информации за менување на терапијата, пациенти добиле и влошување на состојбата, поради лековите кои им биле давани.
-
Македонија 11.02.2026 20:52
Лишен од слобода скопјанец поради кражба на бакарни кабли во вредност од 200.000 евра
На 10.02.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека од објект во изградба на подрачјето на Центар, односно каде се изведувале градежни работи за подземен булевар, во период од еден месец се одземени бакарни кабли со должина од два километри и вредност од околу 200.000 евра.
-
Македонија 11.02.2026 20:16
Божиновска – Варнес: САД со силна поддршка за реформите и развојот на енергетскиот сектор
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес.
-
Македонија 11.02.2026 19:52
Преку ИПА III инвестиции за превенција од шумски пожари во „Јасен“
Министерот за локална самоуправа Златко Перински, заедно со вицепремиерот Љупчо Димовски и директорот на ЈПУЗПП „Јасен“, Ангеле Сотировски, извршија увид во активностите на проектот WILD-A за превенција и управување со шумски пожари во прекуграничната област со Грција.
-
Македонија 11.02.2026 19:13
Вчера лишени од слобода седум возачи поради управување возило без возачка дозвола
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Од нив двајца во Скопје и по еден во Гевгелија, Богданци, Гостивар, Тетово и Битола.
-
Македонија 11.02.2026 18:46
Потпишан Договор за соработка меѓу МЖ Инфраструктура и Турски железници
МЖ Инфраструктура и Турски Железници потпишаа Договор за соработка, објави на својот фејбук профил Синиша Ивановски, директорот на МЖ Инфраструктура.
-
Македонија 11.02.2026 18:13
Лишен од слобода албански државјанин поради давање поткуп
На 10.02.2026 во 20:25 часот на граничен премин Блато, полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ го лишија од слобода Б.Ц.(33) од Република Албанија поради сомнение дека сторил кривично дело „давање поткуп“ по член 358 од Кривичниот законик.










