Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска со своето обраќање го отвори состанокот на работната група за економско зајакнување на жените во Западен Балкан, која е во организација на UNDP и Friends of Europe.
-
Македонија 29.09.2023 11:38
-
Македонија 29.09.2023 11:01
Бабовски во Брисел ги презентира мерките за справување со африканската чума кај свињите
Актуелната состојба со болеста африканска чума кај свињите во Европа, нужноста од преземање на координирани активности за нејзина контрола и искоренување, но и можни нови мерки кои би се презеле во иднина во оваа насока, се дел од темите на кои вчера и денес во Брисел дискутираа земјите членки на
-
Македонија 29.09.2023 10:45
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 29.09.2023 09:36
МВР: Пронајден крадец од Ранковце, одземеното вратено на сопственикот
Вчера во 12 часот во Полициското одделение Ранковце бил извршен службен разговор со С.Л.(30) од с.Ранковце. Тој се сомничи дека во периодот од 24 до 26.09.2023 на место викано „Бела бука“ помеѓу с.Герман и с.Нерав одзел седум кубни метри огревно дрво, сопственост на М.Д. од Куманово.
-
Македонија 29.09.2023 09:26
ЦУК: Активен пожарот кај Алинци, вчера изгаснати 25
Кај прилепското село Алинци сѐ уште чади опожарената депонија, а пожарот на оваа локација е единствениот активен од 26-те што беа регистрирани вчера во државава, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 29.09.2023 09:19
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски свесно ги лажел пратениците дека нема да има нови барања од Бугарија
Бујар Османи ги потврди ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања во однос на Македонија. Османи ја кажа вистината и со тоа го исфрли на чистина Ковачевски кој со месеци лажеше, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 29.09.2023 09:16
СДСМ: Нови мерки за намалување на царинските давачки за овошје и зеленчук
СДСМ се грижи за стандардот на граѓаните со пакет мерки за намалување на цените на основните прехранбени производи. Нова во низата мерки е намалувањето на царинските давачки за овошје и зеленчук, како и укинување на увозните давачки за дел од млечните производи, соопштуваат од СДСМ.
-
Македонија 29.09.2023 08:59
Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај, заштита од имотни деликти
Притоа, на подрачјето на СВР Битола, во Битола во три основни училишта беа реализирани едукативни работилници од областа на сообраќајните правила и прописи за децата како учесници во сообраќајот – пешаци или како корисници на велосипеди и тротинети.
-
Македонија 29.09.2023 08:55
Пазарите преплавени со лажен фалсификуван мед
Лажниот фалсификуван мед, главен проблем на пчеларите во југозападниот регион во земјава. Поголемиот дел од медот на пазарите е неприроден, најчесто гликозен сируп, кој е тешко да се препознае со голо око. И интернет просторот е преплавен со продажба на лажен мед, по екстремно ниска цена.
-
Македонија 29.09.2023 08:45
Во Новаци отворање на фотоволтаична централа, нова домашна инвестиција
Во Новаци отворање на фотоволтаична централа „ФЕЦ Новаци“, нова домашна инвестиција. На свеченото отворање ќе се обрати и премиерот Димитар Ковачевски.










