Основното јавно обвинителство Скопје постапува по кривична пријава во врска со настанот од 22 септември, кога по предизвикан пожар во стан на улицата „Исаија Маџовски“, беше пронајдено безживотно тело на 36-годишниот сопственик на станот со траги на насилство.
-
Македонија 01.10.2023 12:33
-
Македонија 01.10.2023 11:57
ЦУК: Во последното деноноќие имало 39 пожари, активни се шест
Во текот на вчерашниот ден, противпожарните тимови, некаде заеднички - здружени од повеќе општини, а и со помош од месните жители, интервенирале на 39 пожари - од коишто до утрово активени сè уште се шест, информираат од ЦУК.
-
Македонија 01.10.2023 11:16
Реката Пена затрупана со отпад
Најлоша е состојбата во долниот дел од течението на реката Пена. Пластични шишиња, градежен материјал, мебел и други отпадоци. Не се одржува ниту новиот кеј на реката Пена. Сето ова ја отсликува негрижата на граѓаните, но и на институциите, велат тетовци.
-
Македонија 01.10.2023 11:05
Брачен пар од Холандија десет години по ред летува на брегот на Охридското Езеро
Брачен пар од Холандија една деценија летува на брегот на Охридското Езеро. Тие се вистински вљубеници во Охрид. Покрај природата, културното богатство, најмногу им се допаѓа вкусната македонска храна и гостопримливоста на луѓето.
-
Македонија 01.10.2023 11:00
Недостигаат негувателки во домот за стари лица во Куманово
Сè уште не е надминат проблемот со недостаток на негувателки во домот за стари лица во Куманово. Установата доби одобрување од советот на општината, а чека тоа да го направи и ресорното министерство.
-
Македонија 01.10.2023 10:21
Албански државјанин под истрага за тешка сообраќајна несреќа кај Дреново
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против државјанин на Република Албанија со привремен престој во Кавадарци, за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во
-
Македонија 01.10.2023 09:32
Кривична пријава против две лица од Скопје за убиство и тешки дела против општата сигурност
Од страна на СВР Скопје - Единица за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка, против А.Д.(39) од Скопје, поради сомнение за сторени две кривични дела и тоа "Убиство" по чл.123 и "Тешки дела против општата сигурност" по
-
Македонија 01.10.2023 08:53
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 01.10.2023 08:31
Сончево со умерена облачност
Денеска времето ќе биде сончево со мала, претежно во северните делови умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието, каде на места ќе има брзина и над 60 км/час.
-
Македонија 01.10.2023 08:11
Повеќе од 11.000 учесници трчаат на Скопскиот маратон
Со учество на преку 11.000 натпреварувачи од 53 држави, денеска се одржува 19-тот0 издание на „Виз Ер Скопски маратон“.
Покрај маратонската трка (42,195 км), ќе се одржат и полумаратон (21,097 км), штафетен маратон (двајца по 10, двајца по 11 км) и трка на 5 км.










