Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице кое е осомничено за продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
-
Македонија 20.09.2023 14:08
-
Македонија 20.09.2023 14:02
Протест на пензионерите пред Владата
Пензионерите не отстапуваат од барањата. На Светскиот ден на пензионерите со протест пред Владата- бараат линеарно зголемување и промена на методологијата за пресметка на пензијата. Владата се уште ги прави анализите.
Наташа Гркова-Петрушевска известува од протестот пред Владата.
-
Македонија 20.09.2023 13:50
Анкетната комисија за „Онкологија“ пред пратениците
Пратениците преку анкетна комисија ќе бараат политичка одговорност за случајот „Онкологија“. Ирина Гелевска известува од парламентот.
-
Македонија 20.09.2023 13:22
Лога оствари средба со министерот за правда на Саудиска Арабија, Мухамед Ал-Самани
Министерот за правда, Кренар Лога, оствари работна средба со неговиот колега од Саудиска Арабија, Валет Мухамед Ал-Самани и потпишаа меморандум за соработка на двете држави.
-
Македонија 20.09.2023 13:06
Десетто „Гласно НЕ за дискриминација на децата со нарушен раст“
Кога Јана имала пет години, Љубица забележала дека нејзината ќерка не расте како останатите врсници. На таа возраст изгледала како да има три години. Од педијатарот побарала упат, а на Клиниката за ендокринологија и ги потврдиле сомнежите, дека кај Јана е нарушен хормонот за раст.
-
Македонија 20.09.2023 12:43
Дали ќе има ковид-препораки, се очекува одлука на Комисијата за заразни болести
Денес се очекува одлука на Комисијата за заразни болести, дали ќе има препораки за спречување ковид. Изминатите месеци се правени анализи кои соеви на ковид се шират во државата.
-
Македонија 20.09.2023 12:34
Предлог-законот за амнестија се сели кај други надлежни институции
Амнестијата на министерот Лога во ќорсокак. Владата констатирала дека постои потреба од дополнително усогласување на Предлог-законот за амнестија со надлежните институции.
-
Македонија 20.09.2023 12:30
Препукувања на релација Мицкоски-Груевски
Жалам што се одлучи на чекорот да правиш јавна пародија и да служиш за дефокус од криминалот на оваа криминална власт и те разбирам, но не можам да те оправдам.
-
Македонија 20.09.2023 12:22
ЕКРИ со извештај за Македонија
Училишниот систем во Македонија е поделен на јазични линии, на македонски и албански јазик, забележува Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРИ) во денешниот извештај за земјава.
-
Македонија 20.09.2023 11:57
Приведен криумчар од Скопје, со товарно возило превезувал мигранти од Ирак
Вчера околу 17.30 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионален центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Х.А.(51) од Скопје.










