Физичките и правните лица ќе можат да ги легализираат тракторите, приколките, мотокултиваторите и другата приклучна механизација со поднесување на предлог до судот, според местото на живеење.
-
Македонија 31.08.2023 08:13
-
Македонија 31.08.2023 08:11
Сончево со умерена облачност
Во Македонија денеска времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
-
Македонија 31.08.2023 08:10
Османи денес и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Индија
Покрај средбата со министерот за надворешни работи на Индија, Субраманјам Џаишанкар, Османи ќе се сретне со потпретседателот на државата, Џагдип Данкар, заменик советникот за национална безбедност на Премиерот, Шри Викрам Мисри, како и со други високи државни претставници.
-
Македонија 30.08.2023 18:30
Приведен крадец баран со потерница
Денеска во 14.50 часот на ул. „Перо Наков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(24) од Скопје.
-
Македонија 30.08.2023 17:48
Маричиќ: Со конструктивни идеи и немнозинските заедници се вклучуваат во процесот на пристапување во ЕУ
Вицепремиерот за европски прашања денес се сретна со Форумот на граѓанските организации на немнозинските заедници на која разговараа за нивното вклучување во процесот на подготовка на Патоказите и преговорите со ЕУ.
-
Македонија 30.08.2023 17:21
Ковачевски – Трудо: Северна Македонија може секогаш да смета на Канада
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со премиерот на Канада, Џастин Трудо. На разговорот присуствуваше и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
-
Македонија 30.08.2023 17:18
Средба на замениците министри за одбрана на Северна Македонија и Бугарија, Јајага и Запријанов
Заменик министерот за одбрана Тирон Јајага денеска оствари средба со својот бугарски колега Атанас Запријанов кој е во посета на нашата земја во рамки на утрешната свечена церемонија за одбележување на 27 годишнината од формирањето на СЕДМ иницијативата, 24 години од формирањето на Бригата на Југ
-
Македонија 30.08.2023 17:06
Се доставуваат учебници во училиштата
На само два дена пред почетокот на новата учебна година раздвижено низ училиштата. Се доставуваат новите учебници. Училиштата се подготвуваат за почеток на наставата. Од ресорното министерство уверуваат дека учениците кога ќе дојдат во училишните клупи ќе ги имаат учебниците.
-
Македонија 30.08.2023 16:47
Дијабетичарите и натаму без потребните мерачи
Наместо ленти и глукомери да добијат сите 44.000 пациенти кои се на инсулинска терапија, вчера било пуштено мало количество ленти од стар тендер, тврди Сојузот на здруженија на дијабетичари. Од таму велат дека властите си поигруваат со болните.
-
Македонија 30.08.2023 16:32
Телефонски разговор Османи – Лавров
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на Претседавач со ОБСЕ, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров.









