Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со новата директорка на Делегацијата на германското стопанство во земјава (АХК), Антје Ванделт.
-
Македонија 25.07.2023 13:52
-
Македонија 25.07.2023 13:28
Уставните измени официјално влегуваат на пленарна седница
Излагања и крај по само два часа комисиска расправа за уставните измени,. 10-мина пратеници гласаа „за“ уставни измени, 7-мина „против“ со што уставните измени влегуваат и официјално на пленарна седница. Владата доби 15 денoви да го подготви текстот на нацрт амандманите.
-
Македонија 25.07.2023 13:20
Скопје со низа настани ја одбележува 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес
Под урнатините на градот во 26-тото јулско утро во 63-тата година останаа затрупани 1.070 биографии, радости, дилеми, планови за иднината. Над 3.000 наши сограѓани беа повредени. Земјотресот урна домови, згради, јавни објекти. Беше оштетена безмалку целата инфраструктура.
-
Македонија 25.07.2023 12:50
Петровска на средба со косовскиот министер Мехај во Истанбул
Министерката за одбрана Славјанка Петровска во Истанбул го посети и најголемиот саем на одбранбена индустрија во земјата, ИДЕФ 23 каде се претставија околу 1.000 домашни и меѓународни компании од индустријата, а присутни беа над 400 официјални делегации, вклучувајќи и министри за одбрана.
-
Македонија 25.07.2023 12:47
Запуштените канали за наводнување го уништуваат оризот во Карбинското поле
Запуштените канали на Хидросистемот „Брегалница“ во атарот на селата Долни, Горни Балван и Крупиште, Општина Карбинци, ќе го уништат родот на оризот на околу 500 хектари, а во опасност сè уште толку.
-
Македонија 25.07.2023 11:23
Приведени четворица крадци од Гостивар, расчистени шест кривични дела
Вчера, полициски службеници на СВР Тетово – ОВР Гостивар на улица „18 Ноември“, булевар „Браќа Ѓиновски“, ул. „ЈНА“ и ул. „Борче Велјановски“ во Гостивар ги лишиле од слобода Е.А.(19), Л.Х.(20), З.А.(20) и еден малолетник, сите од Гостивар.
-
Македонија 25.07.2023 11:21
За седум дена санкционирани 192 непрописно паркирани возила во Центар
ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар (ПОЦ) и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје за седум дена санкционираа 192 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
-
Македонија 25.07.2023 11:12
Седум гласови „против“, десет „за“, уставните измени на дневен ред на Комисијата за уставни прашања
Десет пратеници гласаа „за“ и седум „против“, а без воздржани, со што беше усвоен дневниот ред на Комисијата за уставни прашања. Против беа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, додека, „за“ гласаа пратениците на СДСМ.
-
Македонија 25.07.2023 11:02
189 санкционирани возачи на мотоцикли, седум мотоцикли одземени
Во текот на вчерашниот ден, спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 189 возачи.
-
Македонија 25.07.2023 10:51
Царинска управа: Запленети стари монети со вредност од околу 2.350.000 денари
На Меѓународниот Аеродром во Скопје на излез од државата, царинските службеници селектирале за контрола багаж на патник – македонски државјанин кој патувал за САД.










