Во својство на претседавач со ОБСЕ во 2023 година, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари два одделни телефонски разговори со министерот за надворешни работи на Република Ерменија, Арарат Мирзојан, и министерот за надворешни работи на Република Азербејџан, Џејхун Бајрамов.
-
Македонија 10.01.2023 18:05
-
Македонија 10.01.2023 17:51
Маричиќ-Холштајн: Северна Македонија е на чекор до ЕУ, важно е да продолжи на европскиот пат
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Анке Холштајн.
-
Македонија 10.01.2023 16:55
Средба Таравари- Курти
Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во придружба на пратениците Елми Азири и Артина Ќазими, денеска беа примени од премиерот на Република Косово, Албин Курти.
-
Македонија 10.01.2023 16:49
Талески спроведен во прилепскиот затвор
Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески е спроведен во прилепскиот затвор, каде што ќе ја издржува затворската казна за случајот „Транспортер“.
Од вкупно пресудените седум години, тој в куќен притвор помина три, па за одлежување му остануваат уште четири.
-
Македонија 10.01.2023 16:24
Петровска- Бојер: Поддршката за модернизација и опремување на Армијата ја зајакнува безбедноста и стабилноста на регионот
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска имаше средба со Спенсер Бојер, заменик помошник секретар за одбрана за Европска и НАТО политика на САД, кој е дел од американската делегација на советникот на Стејт департментот Дерек Шоле, која е во посета на Северна Македонија.
-
Македонија 10.01.2023 16:17
Усвоен Акциски план за реализација на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација за 2022-2026 година
На денешната владина седница беше разгледан и усвоен Акцискиот план за реализација и спроведување на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026 година.
-
Македонија 10.01.2023 15:53
Второто полугодие ќе започне на 23-ти јануари
Владата на 118-та редовна седница го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18-ти јануари да започне на 23-ти јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици.
-
Македонија 10.01.2023 15:48
МВР: Лишен од слобода крадец од прилепско, расчистени 11 кривични дела
Полициски службеници од Полициската станица Центар, по распишан централен распис од СВР Битола го лишиле од слобода Х.В (42) од с.Канатларци, прилепско, поради сомнение за сторени повеќе кривични дела.
-
Македонија 10.01.2023 15:22
При влез во Македонија уапсен Драган Даравелски
Поранешниот прв човек на македонската Царина Драган Даравелски уапсен на граничниот премин „Табановце“. Се обидувал од Србија да влезе во Македонија. Со години живееше во соседната земја, откако во 2007 во отсуство беше осуден на 7 години затвор за злоупотреба на службената положба.
-
Македонија 10.01.2023 15:17
Македонка во Германија ја добива најновата терапија за цистична фиброза
Триесет и две годишната Павлина Манавска има цистична фиброза. Таа веќе 7 години живее и работи на универзитет во Германија. Во 2021-ва година прв пат добила од најновата терапија за цистична фиброза, за неколку дена проблемите од болеста се намалиле.










