Претседателот на Собранието, Талат Џафери во новогодишната честитка до граѓаните посочува дека мора да се фокусираме на напредокот на Македонија на евроинтеграцискиот пат и на подобриот стандард за живот и работа.
-
Македонија 30.12.2022 12:35
-
Македонија 30.12.2022 11:13
Државата има потреба од Закон за критична инфраструктура
Моменталните безбедносни случувања во нашата држава, регионот и пошироко претставуваат предизвици кои несомнено се насочени или можат да бидат сериозен предмет на закана и врз критичните инфраструктури, а кои понатаму би имале импакт и врз националната безбедност, економијата, здравството како и
-
Македонија 30.12.2022 11:11
Голем пожар во Ѓорче Петров
Голем пожар утрово избувна во скопската Општина Ѓорче Петров. Гори во објекти на местото каде што се наоѓа старото кино во Ѓорче Петров, а на самото место има полициска екипа и се очекува во секој момент да пристигнат противпожарните екипи.
-
Македонија 30.12.2022 10:43
Јанкуловски: Колективниот договор ќе придонесе за подигање на стандардот на универзитетските професори
Потпишувањето на Колективниот договор на Синдикатот на УКИМ и Собранието е многу значајно за нас, од причина што универзитетските професори досега се чувствуваа запоставено.
-
Македонија 30.12.2022 10:17
Изминатото деноноќие произведени 16.632 MWh електрична енергија и целосно задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи
АД ЕСМ на 29.12.2022 година произведе 16.632 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Во Термоелектраните произведени се 9.942 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 6.690 MWh.
-
Македонија 30.12.2022 10:09
Запленети над 6000 парчиња пиротехнички средства во Ресен, лишено од слобода едно лице
Вчера (29.12.2022) полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен извршиле претрес во дом на К.К.(57) од Ресен и во продажен објект во Ресен, во негова сопственост.
-
Македонија 30.12.2022 09:39
Честитка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски
„На прагот сме да ја пречекаме Новата 2023 година со нова надеж. Бидејќи велат, со каква енергија ќе ѝ посакаме добредојде, таква енергија ќе ни донесе во секој нов од 364-те денови.
-
Македонија 30.12.2022 09:21
Приведен криминалец баран со потерница за доиздржување казна затвор
На 29.12.2022 во 17.00 часот во с. Бузалково, велешко, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишиле од слобода М.А.(30) од с. Бузалково.
-
Македонија 30.12.2022 08:58
Субвенции за земјоделството за 2023 година
Првиот столб е субвенционирање и авансна исплата на субвенциите за што се обезбедени над 7 милијарди денари. Тука влегува и програмата за рурален развој, која се трансформира во инвестициска со буџет од една милијарда и педесет милиони денари.
-
Македонија 30.12.2022 08:18
Променливо облачно со појава на магла
Времето денес променливо облачно, претпладне по котлините со појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од западен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.










