Илјадници граѓани на Охрид и гости од земјава и странство во прекрасна атмосфера ја дочекаа Новата 2023 година.
-
Македонија 01.01.2023 14:12
-
Македонија 01.01.2023 14:03
Кичевчани оваа година бараат решавање на проблемот со загадениот воздух, отпадот и уличните кучиња
Кичевчани од градоначалникот Фатмир Дехари во Новата година бараат да преземе итни мерки против загадувањето на воздухот. Да се посвети на подобрување на хигиената во градот и да изнајде решение за проблемот со бездомните кучиња, кои ги има во преголем број.
-
Македонија 01.01.2023 13:54
Дочек на Новата година
Весело, разиграно, дел од скопјани ја дочекаа новата 2023-та на плоштадот во центарот на Скопје. Иако со скромно новогодишно украсување, благодарение на донации и на македонските музички ѕвезди, скопјани ја почувствуваа новогодишната атмосфера.
-
Македонија 01.01.2023 12:42
Ване е првото родено бебе во 2023 година
Ване е првото новороденче на скопска Гинекологија. 2023 ќе биде машка година. Се роди една минута по полноќ, ќе го носи името од дедото и е прва рожба во семејството Панајотови од кочанското село Соколарци.
-
Македонија 01.01.2023 11:08
Желби за емпатија, правда и љубов
Емпатија, повеќе правда, почист воздух и насмевка кај луѓето. Годинава овие желби не доаѓаат од Дедо Мраз, туку од Имер Исмаиловски, 69 годишен скопјанец кој речиси три децении продава печени костени на плоштадот „Македонија“.
-
Македонија 01.01.2023 10:35
По највеселата ноќ, најфреквентно на Токсикологија
И на Нова година некој мора да работи. Полицајците, пожарникарите, лекарите ја дочекаа на дежурство, за останатите граѓани да имаат каде да се обратат доколку има повреди, пожари, инциденти или несреќи.
-
Македонија 01.01.2023 10:25
Македонија го презема претседавањето со ОБСЕ
Од денес, 1 јануари 2023 година, Република Северна Македонија официјално го започнува претседавањето со ОБСЕ – најголемата светска регионална безбедносна организација која опфаќа 57 држави учеснички од Северна Америка, Европа и Азија.
-
Македонија 01.01.2023 09:51
Македонските пари и ентузијастите во чекор со историјата
Една идеја од пред 33 години за Статерот како валута, го донесе македонскиот денар и неговото печатење во Прилеп. Графичкиот инженер и долгогодишен директор на прилепската печатница Сашо Зафироски ја раскажува приказната. За боновите, па и на првата генерација македонски пари – денарот.
-
Македонија 01.01.2023 09:40
Првото бебе во 2023 се роди една минута по полноќ
Во 2023 година првото бебе се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот.
Станува збор за новороденче од машки пол, тешко 3.720 грама и долго 51 сантиметар, потврдија од клиниката.
-
Македонија 31.12.2022 17:23
Неверојатни изуми и начини за справување
На кој начин произведува електрична енергија проводник во магнетно поле. Мите Андревски, обичен граѓанин на кој му пречи загадениот воздух, смета дека знае како да се намалат штетните концентрации што ги дишеме.










