Супервештачењето за случајот „Ласкарци“, кое го изработуваше Бирото за судски вештачења, пристигна во Основниот кривичен суд. Предметот за вештачење во бирото, беше испратен пред една година. Од Кривичен информираа дека пристигнал непосредно пред почетокот на главната расправа.
-
Македонија 27.12.2022 12:14
-
Македонија 27.12.2022 11:57
МВР: Претрес во Прилеп, пронајдени стебла и гранки од канабис, приведено едно лице
Вчера во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.П. (19) од Прилеп.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе стебла од растението канабис и гранки од растението канабис.
-
Македонија 27.12.2022 11:52
Уставниот суд годинава со 41% помали сметки за електрична енергија споредено со минатат година
Уставниот суд информира дека во текот на септември, октомври и ноември 2022 година одговорно и домаќински работеше придржувајќи се до препорачаните мерки за штедење на Владата во текот на енергетската криза.
-
Македонија 27.12.2022 11:39
Разговор на претседателот Пендаровски со припадниците на Армијата распоредени во меѓународните мисии
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари видео разговор со припадниците на Армијата кои се распоредени во меѓународните операции надвор од територијата на Република Северна Македонија.
-
Македонија 27.12.2022 11:18
Скопје и денеска во првите 10 најзагадени градови во светот
Главниот град на Македонија се најде на десеттата позиција на платформата „IQAir“ која го следи загадувањето на воздухот.
Скопје има индекс на квалитет на воздух од 165, кој беше ажуриран на платформата во 9.00 часот, а пред него се наоѓаат градови од Ирак, Пакистан, Кина и Индија.
-
Македонија 27.12.2022 10:52
МВР: Лажна е пријавата за наводно поставена бомба во училиште во Охрид, завршија сите потребни проверки
Министерството за внатрешни работи известува дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава дека на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа.
-
Македонија 27.12.2022 10:35
Обвинителство: Наредба за истрага против полициски службеници од ГП Табановце
Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи против 12 лица, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, врз основа на расположливите докази донесе Наредба за спроведување на истражна постапка проти
-
Македонија 27.12.2022 10:32
ЈСП: Бесплатен јавен превоз поради загадувањето на воздухот
Ве информираме дека согласно соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, се активира мерката бесплатен јавен превоз, велат од ЈСП.
-
Македонија 27.12.2022 10:25
311 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 311 возачи.
-
Македонија 27.12.2022 10:22
Кривична пријава против 12 лица по акцијата на „Табановце“
Oд страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Единица за корупција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против 12 лица, и тоа: И.Н.(47), А.А.(41), Н.П.(40), Д.К.(43),








