Акциите на комуналните инспектори за отстранување на диви тезги успешни. Но по нивната интервенција, тротоарите и другите јавни површини ослободени се само неколку дена, потоа повторно се узурпираат од нелегалните продавачи.
-
Македонија 03.12.2022 12:31
-
Македонија 03.12.2022 11:31
Изминатото деноноќие произведени 12.773 MWh електрична енергија
АД ЕСМ на 02.12.2022 година произведе 12.773 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
-
Македонија 03.12.2022 10:46
На километар од центарот на Куманово, неасфалтирани улици
„Итната помош не може да помине, човек носиме на грб“, раскажуваат револтираните жители на кумановската населба „Перо Чичо“, која се наоѓа на само еден километар од центарот на градот. Овие граѓани со децении немаат асфалт на улиците 705 и 706, иако обврските кон општината редовно ги намируваат.
-
Македонија 03.12.2022 10:36
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер
На 02.12.2022 во 12.45 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ѓ.(52) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.
-
Македонија 03.12.2022 09:59
Експертите бараат поголема грижа за културното наследство во Охридскиот регион
Потребна е поголема грижа за културното наследство во Охридскиот регион. Југозападниот регион во земјава располага со културно богатство од сите епохи и цивилизации од праисторијата до денес. Експертите велат потребна е соодветна заштита, презентација и промоција.
-
Македонија 03.12.2022 09:14
МВР: 126 санкционирани возачи во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 03.12.2022 09:09
ЗНМ денеска избира нов претседател
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска ќе одржи редовно годишно изборно собрание на кое ќе се избираат нов претседател, како и членови на Управниот одбор, надзорниот одбор и на Судот на честа.
-
Македонија 03.12.2022 09:07
Османи одржа предавање на Колеџот на Европа во Варшава
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи одржа предавање на Колеџот на Европа во кампусот Натолин во Варшава, следствено по учеството на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Лоѓ и симболичното предавање на претседавањето со Организацијата на нашата држава за 2023 година.
-
Македонија 03.12.2022 09:02
Претежно облачно со слаб до умерен ветер
Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Македонија 02.12.2022 20:41
Маричиќ за Поглавје 23: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа
Денеска во Брисел заврши дводневниот билатерален скрининг состанок за Поглавјето 23, „Правосудство и фундаментални права“, кој покажа дека имаме системски капацитет и подготвеност да го надоградиме со европските правила на функционирање.










