Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 6 до 16 степени, а максималните дневни од 20 до 28 степени.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 6 до 16 степени, а максималните дневни од 20 до 28 степени.
Во Собранието денеска две седници ќе одржи Комисијата за образование, наука и спорт, на чиј дневен ред се измени на неколку закони.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски вечерва приреди прием по повод завршувањето на мандатот на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз.
МВР уништи досега најголема количина на наркотични супстанции и дрога во печките на скопска железара. Околу 10 тони дрога запленета до август оваа година и по основ на правосилни судски одлуки по завршени кривични постапки и по судски решенија за нејзино уништување.
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во следните три дена ќе учествува и ќе се обрати на Втората конференција за глобално програмирање на Зелениот климатски фонд, која ќе се одржи од 13 до 15 септември
Во рамки на учеството на Процесот Брдо-Бриони, претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.
На 11.09.2022 во 17.30 часот на подрачјето на населбата Ченто, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба го лишиле од слобода Д.Џ.(24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела, и тоа две „тешки кражби“ и едно „одземање на моторно возило“.
Зголемувањето на капитацискиот бод е повеќе од неопходно, особено за амбулантите во руралните средини, кои без оваа финансиска инекција, тешко дека ќе опстанат, вели координаторката на матичните лекари Тетово.
Во последните 3 дена (од 09.09 до 11.09.2022): направени се 1.286 тестови, а регистрирани се 179 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 94, Битола – 16, Куманово – 11, Прилеп, Кавадарци, Велес и Неготино – по 6, Штип и Делчево – по 5, Охрид и Кочани – по 4, Тетово и Берово – по 3, Гостивар и Крива Пал
Основното училиште „Бајрам Шабани“ од Куманово доби сензорна соба за ученици со образовни потешкотии.