Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 291 возач.
-
Македонија 05.09.2022 10:55
-
Македонија 05.09.2022 10:41
МТСП: 8 Септември неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 8 Септември 2022 година (четврток), Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
-
Македонија 05.09.2022 10:35
Приведени крадци од Велес
На 04.09.2022 во 05.35 часот на ул. „8 Септември“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода три малолетни лица од Велес.
Тие биле затекнати при обид да извршат кражба во паркирани патнички возила и кај нив бил пронајден алат со кој требало да ги извршат делата.
-
Македонија 05.09.2022 10:26
Управител на фирма обвинет за употреба на фалсификуван извод од лиценца за меѓународен превоз на патници
По спроведена опсежна претходна постапка и направените детални проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело – Фалсификување исправа.
-
Македонија 05.09.2022 10:17
Чешките приоритети со претседавањето со ЕУ пред пратениците
По повеќе од два месеци по почетокот на претседавањето со ЕУ, во Собранието ќе бидат презентирани приоритетите на Чешкото претседателство. Во Комисијата за европски прашања ќе ги презентира амбасадорот во земјава, Јарослав Лудва.
-
Македонија 05.09.2022 10:02
Ковачевски во работна посета на Софија
Премиерот Ковачевски заминува во работна посета на Софија поврзана со енергетската криза. Со него е и дел од економскиот владин тим.
-
Македонија 05.09.2022 09:22
Пронајден хероин и амфетамин во Гевгелија, приведени две лица
На 04.09.2022 во 15.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода А.К.(46) и Ј.Р.(43), двајцата од Гевгелија.
-
Македонија 05.09.2022 09:02
МВР: 184 санкционирани возачи во Скопје, 55 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 05.09.2022 08:59
Од денеска до среда времен сообраќаен режим на патниот правец Маврово – Дебар
Од денеска и во наредните два дена, во периодот од 10 до 16 часот ќе биде воспоставен времен режим, комплетно затворање на сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, делница Маврови Анови-Жировница.
-
Македонија 05.09.2022 08:19
Продолжува расправата за кандидатите за уставни судии на матичната собраниска Комисија
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска продолжува со расправата за предложените кандидати за уставни судии. Во петокот започна расправата за предлогот Тодор Витларов, вработен во штипското обвинителство, да биде уставен судија.










