Денеска во 01.05 часот на Банишко поле, во близина на граничната линија со Република Албанија, во атар на село Аме, дебарско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Блато“ , Регионален центар Запад пронашле 10 поголеми најлонски пакувања со марихуана.
-
Македонија 18.11.2021 11:27
-
Македонија 18.11.2021 11:08
Ревакцинирани 48% од полнолетните граѓани во државата
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.037 дози вакцини, од кои 1.581 се аплицирани како прва доза, 853 се ревакцинирани, а 1.603 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.
-
Македонија 18.11.2021 10:25
Средба Османи- Линхарт
Сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Австрија, Михаил Линхарт пристигна во земјава.
-
Македонија 18.11.2021 10:02
МВР: 102 санкции за непрописно престигнување на територијата на цела држава
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 102 возачи.
-
Македонија 18.11.2021 09:30
Активни 8.455 ковид- случаи во земјава
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.447, бројот на оздравени пациенти е 194.625, на починати е 7.367, а бројот на активни случаи изнесува 8.455, покажува последната статистика на Министерството за здравство.
-
Македонија 18.11.2021 09:24
Фармерите можат да користат услуги од 23 агрометеоролошки станици
Агрометеоролошките станици ги мерат температурата и влажноста на воздухот и на почвата, брзината и правецот на ветерот, количиествата на врнежите, сончевата радијација и влажноста на листовите на растенијата.
-
Македонија 18.11.2021 09:17
Димитров во Мадрид на дискусија за европската перспектива на регионот
Утре во Мадрид, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе биде говорник на тркалезна маса посветена на пoлитиката на проширување на ЕУ, соопштуваат од СЕП.
-
Македонија 18.11.2021 09:10
Денеска и утре посебен режим на сообраќајот во Скопје
Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради официјалната посета на полскиот претседател Анджеј Дуда денеска и утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.
-
Македонија 18.11.2021 09:07
Шефот на австриската дипломатија во посета на Скопје
Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на Сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Михаил Линхарт.
-
Македонија 18.11.2021 08:59
Полскиот претседател Анджеј Дуда во посета на Македонија
Полскиот претседателот Анджеј Дуда денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на земјава. Ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на државата Стево Пендаровски, а предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев.










