Премиерот Зоран Заев синоќа во телефонски разговор му ја честитал победата на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев на претседателските избори.
-
Македонија 22.11.2021 09:08
-
Македонија 22.11.2021 08:49
Маричиќ во работна посета на Брисел на средби со Вархеј и Рејндерс
Mинистерот за правда Бојан Маричиќ од денеска ќе престојува во неколкудневна работна посета на Брисел. Предвидено е да се сретне со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј и еврокомесарот за правда Дидиер Рејндерс.
-
Македонија 22.11.2021 08:45
8.535 активни ковид- случаи во земјава, најголем број од нив во Скопје
Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, при направени 2.633 тестирања, регистрирани се 389 нови случаи со Ковид-19, 18 починати и 317 оздравени пациенти.
-
Македонија 22.11.2021 08:38
Главниот кризен штаб ќе заседава за новите предлог мерки на Комисијата за заразни болести
За новите предлог- мерки на Комисијата за заразни болести за невакцинираните лица вработени во јавниот сектор и здравствените работници, денеска ќе одлучува Главниот кризен штаб, а потоа и Владата на седница.
-
Македонија 22.11.2021 08:21
Облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе започнат на запад кон средина на денот и преку ноќта ќе се прошират во останатите делови од земјата, а позастапени ќе бидат во западните делови.
-
Македонија 19.11.2021 16:30
Средба Заев- Гаши за влез на Алтернатива во владата
Ќе се зголеми ли парламентарното мнозинство- е клучното прашање кое деновиве треба да добие разрешница. Можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива и нивен влез во Владата е темата средба на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.
-
Македонија 19.11.2021 15:38
Нови 444 случаи со Ковид-19, починати 11 лица во последното деноноќие
Во последните 24 часа направени се 2.938 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 190, Битола – 43, Прилеп – 27, Кавадарци – 19, Кочани – 16, Велес и Струмица – по 15, Охрид и Берово – по 13, Ресен – 11, Куманово и Штип – по 10, Тетово, Кичево, Гевгелија и Делчево – по
-
Македонија 19.11.2021 15:34
Пендаровски и Дуда положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас
Во рамки на официјалната посета на претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, на Република Северна Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателот Дуда положија венци на гробот на Гоце Делчев, во црквата Св. Спас во Скопје.
-
Македонија 19.11.2021 15:15
Црн рекорд во ковид- центарот во Штип, за едно деноноќие починаа четворица пациенти
Четворица пациенти, по двајца од Штип и Радовиш починаа во изминатото деноноќие во ковид-центарот во Штип. Сите се над 70 години, имале сериозни невролошки заболувања, а тројца од нив не биле вакцинирани. Во Инфективното одделение има над 50 пациенти, 44 од нив се на кислородна поддршка.
-
Македонија 19.11.2021 15:08
Дуда: Ако Софија каже „не“, лично ќе се заложам да се најде решение
Бугарија сѐ уште е во изборен процес, Владата не е формирана, но ако и овој пат официјална Софија каже „не“ за почнување на преговорите на Македонија, јас лично ќе се залагам за изготвување на некој патоказ, дециден полскиот претседател Дуда по средбата со неговиот домаќин Пендаровски.










