До 11 часот на 170-те избирачките места излегле 19 проценти од евиднтираните 80.882 лица со право на глас. Во споредба со истиот перид од првиот круг, излезноста бележи 6 проценти пораст. Во првите три часови со 15 проценти излезноста највисока на избирачкото место број 74.
-
Македонија 31.10.2021 12:44
-
Македонија 31.10.2021 12:13
Одзивот на гласачите до 11 часот е 14,18 проценти
Одзивот на гласачите до 11 часот е 14,18 отсто. Вкупно на гласање во 44 општини каде што се гласа во вториот круг на локалните избори своето право на глас го искористиле 160.035 граѓани, соопшти претседателот на ДИК, Даштевски.
-
Македонија 31.10.2021 10:21
До 9 часот илезеноста на изборите 5,25 отсто, технички проблеми на неколку избирачки места
На сите избирачки места почна гласањето на време. Имаше технички проблеми на неколку избирачки места во Скопје и на неколку избирачки места низ земјава. Сите тие проблеми сега се решени и гласањето продолжува.
-
Македонија 31.10.2021 09:57
Во Охрид гласањето се одвива без проблеми
Изборниот процес во општина Охрид започна навреме,во демократска и фер атмосфера со минимални проблеми. Во избирачкиот список се запишани 52.477 лица кои своето демократско право ќе можат да го остварат на 88 избирачки места.
-
Македонија 31.10.2021 09:24
Започна зимското сметање на времето
Во три часот по полноќ почна зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот се вратија еден час наназад, односно времето во три часот се смета како два часот.
-
Македонија 31.10.2021 09:21
Лични карти ќе се издаваат и денеска
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да подигнат лични карти.
-
Македонија 31.10.2021 09:11
Отворена бесплатна телефонска линија во ДИК – 0800 555 44
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе има отворен бесплатен телефонски број 0800 555 44 за пријавување евентуални изборни неправилности и повреди на гласачкото право.
-
Македонија 31.10.2021 09:09
Обвинителството ќе следи евентуални нерегуларности на изборниот процес
Јавното обвинителство продолжува во континуитет да ги следи случувањата поврзани со изборниот процес, преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои б
-
Македонија 31.10.2021 08:54
Изборниот процес ќе го следат 1.598 набљудувачи
Државната изборна комисија соопшти дека вториот круг на локалните избори ќе го мониторираат 347 набљудувачи повеќе во однос на првиот, односно изборниот процес ќе го следат 1.598 набљудувачи, од кои 1.220 се домашни, 368 странски, како и 10 странски новинари.
-
Македонија 31.10.2021 08:47
Се гласа од 7 до 19 часот
Гласањето на локалните избори започнува во 7:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.










