Вкупно 1.309.840 лица, 405.266 домаќинства и 556.415 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.982 лица.
Вкупно 1.309.840 лица, 405.266 домаќинства и 556.415 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.982 лица.
Попладнево се заокружува четиридневната вежба „Северна Македонија 2021“ која што се одржа во организација на НАТО, Евроатланскиот центар и Центарот за управување со кризи.
На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 778.408 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.624 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.518 граѓани.
Претседателот Стево Пендаровски, за време на посетата на САД по повод неговото учество на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк оствари средба со претставници на организацијата „Македонија2025“.
Откако Државната изборна комисија (ДИК) го утврди редоследот на учесниците на локалните избори на гласачкото ливче, најдоцна до денеска на полноќ треба да биде објавена Единствената листа на кандидати.
Земјоделците кои поднеле барање за субвенции за годинава, а од денот на поднесувањето на барањето имаат измени во бројот на банкарска сметка, адресата на живеење или телефонскиот број за контакт, ќе треба да направат и промена во електронскиот систем во кој е поднесено барањето.
„Северна Македонија ги заврши своите домашни задачи и е целосно подготвена да ги почне преговорите со Европската унија“, порака од премиерот Заев до амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во земјава.
Претседателот Пендаровски денеска ќе се обрати на Генералната дебата на 76.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговиот колега од Република Филипини, Теодоро Л. Локсин, потпишаа заедничко комунике за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, сооптши МНР.