Министерот за надворешни работи Муцунски во Брисел со шефовите на дипломатиите на земјите-членки на НАТО. Најавен и состанок со претставници од земјите од Коридорот 8.
Во Брисел е нашиот специјален известувач Стојан Трпчевски.
Министерот за надворешни работи Муцунски во Брисел со шефовите на дипломатиите на земјите-членки на НАТО. Најавен и состанок со претставници од земјите од Коридорот 8.
Во Брисел е нашиот специјален известувач Стојан Трпчевски.
Државата има само едно средно училиште за лица со оштетен слух. Во „Паретенија Зографски“ годишно настава посетуваат околу 50-тина ученици. Дел од нив, образованието го продолжуваат на факултетите, други успешно водат сопствен бизнис.
На Централниот одбор лидерот на СДСМ ќе предложи ново раководство и нов состав на Извршниот одбор, по колективната оставка на партиското тело. По нова година ќе се одржи и вонреден конгрес, на кој Филипче ќе предложи програма за идното дејствување на партијата.
Продолжуваат притисоците врз македонските власти за уставните измени. Официјален Брисел укажува на спроведување на обврските за внесување на Бугарите во Уставот како услов за пристапните преговори.
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во работна посета на Брисел.
Инклузијата не е едноставен процес, таа не е само физичко присуство на ученикот, сите сме вклучени, вели образовниот асистент која дава поддршка на два ученика во основното училиште „Љубен Лапе“. Децата меѓу себе се отворени и полни со љубов, прифатени се од своите соученици.
Мнозинството и опозицијата во Собранието без ниту еден глас против одлучија да се формира Анкетна комисија која ќе ги разгледува причините за несреќите, покрај во дискотеката „Пулс“ и за пожарот во модуларната болница во Тетово, но и за сообраќајните несреќи во Бугарија и кај Ласкарци.
Електронскиот систем за регистрирање сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ е новото нормално. За да ги почитуваме сообраќајните правила неопходно е секаде да има соодветни сообраќајни знаци, вели еден од нашите телевизиски возачи Сашо Трајковски.
Барање за 300 вработувања ќе испорача Судскиот совет до Министерството за финансии за да се пополнат испразнетите места и да можат судовите низ земјава да функционираат и да делат правда.
Модернизација на железницата и патната инфраструктура како и изградбата на интерконекторот. Брзата реализација на стратешките проекти-клуч за забрзан економскиот развој на двете држави, вели српската бизнис-заедница.