На 30-ти август на полноќ, истекува рокот за собирање потписи на независните кандидати за градоначалници и советнички листи. Според Државната изборна комисија, 32 независни кандидати за градоначалници во повеќе општини и советнички листи собрале потписи, а уште 33 собираат.
-
Македонија 27.08.2021 11:14
-
Македонија 27.08.2021 10:33
На Заев и на Ципрас утре ќе им биде врачена Меѓународната награда за мир на Вестфалија
Премиерот Заев денеска попладне заминува за Мунстер, Сојузна Германија, каде што утре, на свечена церемонија, ќе му биде врачена Меѓународната награда за мир на Вестфалија, која за 2020 година им е доделена на премиерот Зоран Заев и на поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас.
-
Македонија 27.08.2021 10:13
Вчера аплицирани 11.883 вакцини, досега ревакцинирани се 516.797 граѓани
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 703.557 граѓани.
-
Македонија 27.08.2021 09:34
МВР: 128 сообраќајни прекршоци во Скопје, 41 санкција за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 27.08.2021 09:17
На ГП Табановце се чека околу еден час
Поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце утринава за излез од земјава се чека околу еден час, информира Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 27.08.2021 09:12
Активни над 13 илјади случаи со Ковид-19
Повторно висок број на починати како последица на Ковид-19. Битката со вирусот ја загубија 26 лица. Од направени 5.982 тестирања, регистрирани се 1.082 нови случаи на Ковид-19, односно 18 насто од тестовите биле позитивни. Регистрирани сe 492 оздравени пациенти.
-
Македонија 26.08.2021 16:08
Во 15 ДКП ќе бидат поставени базни станици за брзо издавање патни исправи
Македонските државјани во странство ќе можат да поднесуваат барања за издавање пасоши во дипломатско- конзуларните претставништа во Европа, Америка и Австралија.
-
Македонија 26.08.2021 16:04
Повторно отворен пунктот во „Борис Трајковски“ за побрза имунизација на населението
Вакцини на производителите „Фајзер“, „Астра Зенека“ и „Синовак“ се аплицираат во малата сала во спортскиот центар „Борис Трајковски“ кој повторно стана вакцинален центар.
-
Македонија 26.08.2021 15:50
Нема одложување на пописот, ќе почне на 5-ти септември
Најголемата статистичка операција, пописот ќе почне на 5-ти септември без оглед на епидемиолошката состојба.
-
Македонија 26.08.2021 15:21
Тетовскиот Кризен штаб бара онлајн настава додека се стабилизира состојбата со Ковид-19
Од Министерството за образование ќе се бара наставата со физичко присуство да се замени со онлајн првите три недели од септември, кога се очекува да се стабилизира состојбата.










