Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 703.557 граѓани.
-
Македонија 27.08.2021 10:13
-
Македонија 27.08.2021 09:34
МВР: 128 сообраќајни прекршоци во Скопје, 41 санкција за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 27.08.2021 09:17
На ГП Табановце се чека околу еден час
Поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце утринава за излез од земјава се чека околу еден час, информира Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 27.08.2021 09:12
Активни над 13 илјади случаи со Ковид-19
Повторно висок број на починати како последица на Ковид-19. Битката со вирусот ја загубија 26 лица. Од направени 5.982 тестирања, регистрирани се 1.082 нови случаи на Ковид-19, односно 18 насто од тестовите биле позитивни. Регистрирани сe 492 оздравени пациенти.
-
Македонија 26.08.2021 16:08
Во 15 ДКП ќе бидат поставени базни станици за брзо издавање патни исправи
Македонските државјани во странство ќе можат да поднесуваат барања за издавање пасоши во дипломатско- конзуларните претставништа во Европа, Америка и Австралија.
-
Македонија 26.08.2021 16:04
Повторно отворен пунктот во „Борис Трајковски“ за побрза имунизација на населението
Вакцини на производителите „Фајзер“, „Астра Зенека“ и „Синовак“ се аплицираат во малата сала во спортскиот центар „Борис Трајковски“ кој повторно стана вакцинален центар.
-
Македонија 26.08.2021 15:50
Нема одложување на пописот, ќе почне на 5-ти септември
Најголемата статистичка операција, пописот ќе почне на 5-ти септември без оглед на епидемиолошката состојба.
-
Македонија 26.08.2021 15:21
Тетовскиот Кризен штаб бара онлајн настава додека се стабилизира состојбата со Ковид-19
Од Министерството за образование ќе се бара наставата со физичко присуство да се замени со онлајн првите три недели од септември, кога се очекува да се стабилизира состојбата.
-
Македонија 26.08.2021 15:10
Граѓански организации бараат онлајн настава и децата да не учат само од дигитални учебници
Дали детето ќе учи од дома или од училиште треба да биде избор на родителот без да доставува медицински белешки.
-
Македонија 26.08.2021 14:59
МНР засега одобри прием на 750 Авганистанци, неизвесно е кога ќе пристигнат во земјава
Неизвесно е кога ќе пристигнат Авганистанците во земјава поради променливата ситуација на аеродромот во Кабул. Засега МНР одобрило прием на 750 Авганистанци, од најавените од владата 780, на кои државата ќе им издаде привремени визи за престој од 90 дена.










