Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на Самитот на Претседатели на држави и влади на членките на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа, што ќе се одржи во Анталија.
-
Македонија 17.06.2021 09:27
-
Македонија 17.06.2021 09:24
Средба Османи-Стоев во Анталија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Светлан Стоев, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи, учесници во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во Анталија, Турција.
-
Македонија 17.06.2021 09:11
Заев утрово во Софија се сретна со Борисов
Премиерот Зоран Заев, кој денеска е во посета на Софија, утрово се сретна со раководството на партијата ГЕРБ и со нејзиниот претседател Бојко Борисов.
-
Македонија 17.06.2021 09:03
Шекеринска на меѓународниот „GLOBSEC“ форум во Братислава
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе учествува на форумот „GLOBSEC“ во Братислава, каде ќе има и одвоена средба со словачкиот колега, Јарослав Над.
-
Македонија 16.06.2021 15:04
Отфрлени кривичните пријави против Џафери и двајцата пратеници
Јавно обвинителство ги отфрли кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Левица против претседателот на Собранието Џафери и пратениците Бисера Костадиновска- Стојчевска и Мирослав Богдановски, за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија и пренесување заразна болест.
-
Македонија 16.06.2021 14:31
15 нови случаи со Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на Ковид-19 од: Кичево – 5, Скопје – 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид и Делчево – по 1, соопшти Министерството за здравство. Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Куманово, Гостивар и Кичево – по 1.
-
Македонија 16.06.2021 14:22
Заев во Софија на средби со бугарските власти- ќе разговара за португалскиот предлог
Бугарија е должна и треба да ѝ даде поддршка на Северна Македонија, зошто така ќе го докаже тоа на дело и само на таков начин ќе расте нашето пријателство и соработка, изјави премиерот Заев пред утрешните средби со државниот и партискиот врв во Софија, каде ќе разговара за португалскиот предлог з
-
Македонија 16.06.2021 14:15
МЗ: Надоместоци за дежурства и здравствено осигурување за специјализантите
Платени дежурства и надомест за здравствено осигурување е нешто што за првпат го добиваат специјализантите во нашата држава. Решавањето на ова прашање ги опфаќа сите идни приватни специјализанти и придонесува за зголемување на мотивацијата при работењето.
-
Македонија 16.06.2021 14:01
Пендаровски: Заштитата на критичната инфраструктура е предуслов за функционална држава
Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование, а во соработка со партнерската Фондација „Фридрих Еберт“, канцеларија во Северна Македонија денеска се одржа конференцијата – „Критична инфраструктура: ЕУ димензија, закон, стратегиски и институционален пристап“.
-
Македонија 16.06.2021 13:50
Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна
Состојбата во градинките поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот е стабилна. Изминатиот период е забележан само еден нов позитивен случај кај вработените, а позитивни деца згрижени во градинките нема, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јахода Шахпаска.










