Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 21.06.2021 10:07
-
Македонија 21.06.2021 09:52
Почна пријавувањето за субвенции во рибарството
Сите субјекти кои набавиле подмладок во периодот од 1- ви февруари до 31- ти мај годинава имаат право на финансиска поддршка.
Висината на субвенцијата е 40 проценти од вредноста по корисник и може ја да добијат оние субјекти кои набавиле или сами го произвеле подмладокот.
-
Македонија 20.06.2021 18:34
Македонските фудбалери подготвени за натпреварот против Холандија
Надежта последна се напушта, па дури и кога станува збор за еден фудбалски џин каква е холандската репрезентацијa. Македонските репрезентативци подготвени пред утрешниот меч со домаќинот во Aмстердам. Со нив како и во Букурешт, навивачите и екипата на Македонската телевизија.
-
Македонија 20.06.2021 15:33
Стресот и пандемијата го нарушија детскиот говор
Стресот од пандемијата создаде алармантен проблем кај најмладите. Логопедите забележаа пелтечење кај децата од четири до пет-годишна возраст.
-
Македонија 20.06.2021 15:02
Осум нови случаи со Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје - 3, Струмица – 2, Куманово, Велес и Кичево – по 1.
-
Македонија 20.06.2021 14:59
Верниците го слават Духовден
Православните христијани го празнуваат Духовден, односно слегувањето на Светиот дух на аспостолите Света Троица. Овој празник секогаш се одбележува 50 дена по Велигден, а се смета и за роденден на христијанската црква. Голем број верници од Куманово утринава ја посетија црквата Света Троица.
-
Македонија 20.06.2021 09:35
Втор случај на индиски сој во државата
Уште еден пациент со индиски сој на вирусот Ковид-19 е регистриран во државата. Индискиот сој е регистриран кај пациентот кој бил на работа во Ирак – колега со првооткриениот случај со овој мутиран сој во државата. Пациентот не е во ризик, неговата состојба е под контрола.
-
Македонија 18.06.2021 16:41
Реакции по средбите во Софија
Во опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека ако Заев навистина дал предлог на бугарската страна, за посебноста на македонскиот јазик кој е наше идентитетско обележје, тогаш тој безочно ја лажел јавноста.
-
Македонија 18.06.2021 15:23
19 нови случаи со Ковид-19, двајца починати
Во последните 24 часа се направени 3.680 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 7, Куманово – 4, Крива Паланка – 3, Прилеп, Охрид, Струмица, Тетово и Кичево – по 1. Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Куманово -5, Тетово – 2 и Кичево – 1.
-
Македонија 18.06.2021 15:19
Заев: 2021-ва да биде година за паметење, Западен Балкан е нераскинлив дел од ЕУ
Европските перспективи мора да го победат евроскептицизмот- истакна премиерот Заев на Самитот за Западен Балкан во Виена.









