Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на Ковид-19 од: Куманово – 5, Скопје и Битола – по 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид, Кичево и Крива Паланка – по 1, соопшти Министерството за здравство.
-
Македонија 11.06.2021 14:59
-
Македонија 11.06.2021 14:40
Тим на македонската полиција ќе се грижи за безбедноста на Европското фудбалско првенство
По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое за прв пат ќе учествува и Македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни работи во соработка со романската полиција и надлежните служби на УЕФА, испрати свој тим од 5 полициски службеници кои во периодот од 11.06 до 18.
-
Македонија 11.06.2021 14:38
Филипче: Расте свеста за важноста за донирање органи
Пациент со тешка кардиоваскуларна болест доби шанса за нов живот, во неговите гради почна да чука срцето на 44 годишната жена кај која вчера попладне била констатирана мозочна смрт. Оперираниот е во стабилна состојба и закрепнува.
-
Македонија 11.06.2021 14:28
Матурантите го полагаат вториот екстерен испит, најголем дел одбрале англиски јазик
По цела година учење од дома, средношколците се вратија во училиштата за да полагаат матура. Над 15.000 пријавени на испит по вториот екстерен предмет. Традиционално најголем е интересот за англискиот јазик, за математика се пријавиле околу 1.500 средношколци.
-
Македонија 11.06.2021 14:21
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 109 ковид- пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 66 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
-
Македонија 11.06.2021 14:01
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани двајца пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирани 2 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 43 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
-
Македонија 11.06.2021 13:42
Пресуда за тројца обвинети во случајот „Двојник“
Во Кривичниот суд пресуда за случајот со фалсификуваните пасоши познат како „Двојник“.
Фарук Буки доби три години затвор, а Весна Колевска и Бранислава Владичевска добија условни казни од по една година.
-
Македонија 11.06.2021 12:56
ДИЦ: Успешно тече полагањето на изборниот испит од државната матура
По успешно реализираниот прв дел од државната матура денес се полага вториот екстерен предмет кој е изборен.
-
Македонија 11.06.2021 12:51
Маричиќ: Со помош на партнерските земји целосно ќе го дигитализираме македонското судство
Министерот за правда Бојан Маричиќ во своето обраќање на конференцијата „Ефикасност на работата на судии и судска администрација“, кажа дека планот за дигитализација на судството е готов, Владата го усвои и дека следната фаза е практично дигитализација, односно пристигнувањето и инсталирање на и
-
Македонија 11.06.2021 12:48
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со мирните протести и блокади
Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со мирните протести и блокадите на главните крстосници во Скопје и во уште девет градови низ државава.
Во главниот град се протестира пред Собранието, пред трговскиот центар „Мавровка“ и пред поранешната зграда на Нова Македонија.








