Тетовската полиција уапси жител на селото Брвеница кој се сомничи за убиство на 76-годишен охриѓанец, чие безживотно тело беше пронајдено во неговиот дом.
Педесет и тригодишникот бил уапсен по претходно распишана централна потерница од охридскиот Сектор за внатрешни работи.










