Вечер на полноќ истекува рокот за собирање потписи на независните кандидати коишто сакаат да учествуваат на повторените локални избори во четирите општини Маврово-Ростуше, Врапчиште, Гостивар и Центар Жупа
-
Македонија 30.11.2025 11:47
-
Македонија 30.11.2025 09:05
Петта панел-дискусија „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“
Националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука продолжува со својот караван на панел-дискусии низ градовите. Досега се одржаа панели во Скопје, Прилеп, Тетово и Куманово, а следната станица е Струмица.
-
Македонија 30.11.2025 08:35
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-2 до 3, а максималната ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
-
Македонија 29.11.2025 18:04
Се излеа Кочанска река
Изобилните врнежи предизвикаа излевање на Кочанска река. Најпогодено е селото Облешево каде што се поплавени куќи, ниви и магацини со ориз. Општината формираше кризен штаб.
Градоначалникот вели се работи на санирање на состојбата, но потребна е дополнителна механизација за помош.
-
Македонија 29.11.2025 17:07
Дождовите ја полнат акумулацијата „Стрежево“
Влажниот бран и обилните дождови кои минатата недела ја зафатија Пелагонија, но и моменталните повремени врнежи, интензивно ја полнат акумулацијата „Стрежево“, со која стопанисува истоименото битолско јавно претпријатие.
-
Македонија 29.11.2025 16:48
Пензионерите ќе протестираат пред Уставниот суд
Пензионерите кои пред две години се изборија за линеарно зголемување на пензиите во понеделник пред Уставниот суд ќе го изразат своето незадоволство. Сметаат дека никој не е оштетен со линеарното покачување
Најголем дел од пензионерите се на работ на егзистенција.
-
Македонија 29.11.2025 16:09
Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е безбедна за пиење и не е причина за заразата кај децата, покажале хемиските и микробиолошките анализи во ИЈЗ
Водата во скопското училиште „Димо Хаџи Димов“ е безбедна за пиење и не е причина за заразата кај децата – покажале хемиските и микробиолошките анализи во Институтот за јавно здравје. Фекалните бактерии се детектирани во мусаката, чешмите и работните површини во кујната и во училиштето.
-
Македонија 29.11.2025 15:34
Партиски обвинувања за пензискиот систем
Дупката од една милијарда евра во Пензискиот фонд се должи на лошите владини политики обвинуваат социјалдемократите.
-
Македонија 29.11.2025 15:00
Карциномот на простата во пораст
Карциномот на простата и натаму е најчестото малигно заболување кај мажите. Лани откриени нови 500 пациенти, меѓу нив има и на 40 годишна возраст.
-
Македонија 29.11.2025 14:52
Малолетничките бракови - реалност и во современото општество
Кога требаше да се описменам и да осознаам за себе, јас станав мајка. Перење, чистење, готвење, грижа за сопругот и за петте деца, ова беше мојата секојдневна обврска, раскажува стружанката Незире којашто склопила малолетнички брак на само 15 години.










