Претреси во Скопје, Куманово и Тетово поради сомнеж за злоупотреби на службена положба и проневера во државните резерви. Акција на МВР во координација со Основното јавно обвинителство.
Игор Панов е пред полициската станица во Автокоманда.
Претреси во Скопје, Куманово и Тетово поради сомнеж за злоупотреби на службена положба и проневера во државните резерви. Акција на МВР во координација со Основното јавно обвинителство.
Игор Панов е пред полициската станица во Автокоманда.
Во судницата во затворот „Идризово“ второ рочиште за случајот „Пулс“. На обвинителна клупа седат 35-мина, а одговорност се бара и од три фирми. Родителите на загинатите во пожарот бараат правда.
Анита Димитријевска – Велковска известува.
Вчера во 21:20 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Л.Б.(21) од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и пари, информираат од МВР.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостување национална телевизија, говореше за актуелниот проект кој министерството за дигитална трансформација го предводи во соработка со други институции, каде нагласи дека околу 40.000 студенти го добиле својот вредносен ваучер во из
Се вршат претреси на повеќе локации низ државата, информираат од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
По промоциите на универзитетите во Мадрид, Париз, Задар, Бања Лука и Скопје, колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ подготвена од македонски тим истражувачи, вчера беше претставена и на Универзитетот во Загреб.
Најстудено утрово е во Берово, – 2 степена Целзиусови, а максимални 7 степени се измерени во Виница.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Денеска ново рочиште за случајот „Пулс“. Се очекува да има предлагање на докази, по што би следело произнесување на вина на обвинетите и воведни зборови на адвокатите
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.