Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи со остатоци од кашест снег се бележат на Попова Шапка.
-
Македонија 23.03.2026 08:35
-
Македонија 23.03.2026 08:09
Променливо облачно, попладне локални врнежи од дожд
Променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од минус два до пет, а максималната ќе достигне од девет до 15 степени.
-
Македонија 23.03.2026 08:06
Муцунски во дводневна официјална посета на Брисел
Министерот за надворешни Муцунски е во дводневна официјална посета на Брисел. Се очекува да се сретне со еврокомесарката за проширување Марта Кос и со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност Роксана Минзату.
-
Македонија 22.03.2026 18:54
Три лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
Нови тројца уапсени за семејно насилство и седум пријави во последново деноноќие. Маж од гостиварско е лишен од слобода откако физички ја нападнал неговата сопруга.
-
Македонија 22.03.2026 17:06
Филипче: Мерката е задоцнета и недоволна
Зошто премиерот Мицкоски чекаше три недели за да донесе ваква мерка и да ги остави граѓаните да плаќаат поскапи горива, праша лидерот на СДСМ Филипче оценувајќи оти намалувањето на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти е задоцнето и нема да даде ефект.
-
Македонија 22.03.2026 16:46
Идентитетот на телото пронајдено кај Зрновци ќе се утврдува со обдукција
Ден после пронаоѓањето на човечко тело во распаѓање, жителите на Зрновци велат дека се чувствуваат вознемирени и чекаат надлежните да го расчистат случајот. Зрновци е мирно место и нема пријава за исчезнато лице.
-
Македонија 22.03.2026 14:50
Отворен првиот Центар за менаџирање на дебелина во Охрид
Во Охридската болница започна со работа првиот Центар за менаџирање на дебелина во Југозападниот регион, – значаен чекор во справување со овој сериозен здравствен предизвик. Обезноста се смета за глобална пандемија, со постојан раст на бројот на засегнати лица.
-
Македонија 22.03.2026 13:22
Апел за одговорно сопствеништво над миленици
Струмичани мора да сфатат дека домашните кучиња не се играчка. Кога се мали се мили а кога ќе пораснат да ги остават на улица. Вака вели Томе Михаилов директор на струмичкиот Стационар Лана според кого недостасува одговорно сопствеништво
-
Македонија 22.03.2026 12:50
Од идната година програмата за дијабетес под ФЗОМ
Една година недостига антидијабетна терапија за заштита од кардиолошки и нефролошки компликации кај пациенти со шеќер во крвта. Мозочни и срцеви удари, ампутации се јавуваат кај 30 проценти од дијабетичарите, причина за ова е неквалитетно менаџирање на дијабетесот.
-
Македонија 22.03.2026 10:10
АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан забранија увоз на 27 тони говедско мелено месо по потекло од Парагвај.










