На полноќ завршува изборна кампања и почнува молкот пред локалните избори во недела, на 15-ти октомври.
-
Македонија 13.10.2017 08:24
-
Македонија 12.10.2017 16:07
Метео: Продолжува периодот на сончево време
Во текот на утрешниот ден во Македонија се очекува сончево, претежно ведро и потопло време со умерен ветер од северен правец.
Во Скопје се очекува температура од 25, а максималната дневна на југоисток ќе достигне до 27 степени.
-
Македонија 12.10.2017 16:03
Груевски: Подобар животен стандард на граѓаните и просперитетна држава
Со ваша поддршка можеме секое населено место и град да го направиме поубаво место за живеење. Имаме планови и проекти со рокови за реализација, со кои ќе го олесниме животот на граѓаните- рекоа во Делчево говорниците на митингот на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 12.10.2017 16:03
Касами: Поддршка за бизнисите и отворање нови работни места
Движењето БЕСА ги промовираше кандидатот за градоначалник и листата на советници во скопски Сарај. Лидерот на Беса, Биљал Касами во своето обраќање рече дека ќе дадат максимална поддршка на бизнисите во општината.
-
Македонија 12.10.2017 16:02
Заев: Развиена Македонија, интегрирана во НАТО и во ЕУ
Нов закон и поголеми субвенции за тутунопроизводителите најави лидерот на Социјалдемократите - Зоран Заев на митингот во Прилеп. Тутунот ќе се подели во три класи. Првата ќе се откупува за 80, втората за 70, а третата класа за 60 денари по килограм.
-
Македонија 12.10.2017 16:01
Ахмети: ДУИ ги исполнува ветувањата
Демократската унија за интеграција, програмската платформа за локалните избори што ќе се одржат в недела ја претстави пред жителите на Гостивар. Претседателот на партијата Али Ахмети и кандидатот за градоначалник Невзат Бејта беа информирани за текот на кампањата.
-
Македонија 12.10.2017 14:42
Четири години затвор за напаѓачот на Шекеринска
Четири години казна затвор за насилство му изрече Кривичниот суд на Панче Ангелов, обвинет за нападот врз Радмила Шекеринска во Собранието на 27-ми април. Судијката рече дека биле земени предвид и олеснителните и отежнувачките околности.
-
Македонија 12.10.2017 13:19
ДИК: Во тек е дистрибуцијата на изборниот материјал
Државната изборна комисија изутрината почна со дистрибуцијата на доверливиот изборен материјал до општинските изборни комисии за локалните избори, закажани за 15-ти октомври.
-
Македонија 12.10.2017 12:52
ДКСК усвои три приговори од вработени во државната администрација
Државната комисија за спречување на корупцијата усвои три приговори од вработени во државната администрација, коишто нелегално биле разрешени и казнети за време на изборите.
-
Македонија 12.10.2017 12:20
Бошњаковски: Во финална фаза реформите на безбедносниот систем
Во финална фаза се реформите на Управата за безбедност и контраразузнавање и Законот за следење на комуникациите, информираше владиниот портпарол Бошњаковски. Вели дека овие реформи се клучни за да не се повтори злоупотребата на системот.










