Излезноста на гласањето до 17 часот на територија на Република Македонија според податоците што ги објави ДИК изнесува 49,14 проценти. На територија на Град Скопје излезноста е 50,58 проценти.
-
Македонија 15.10.2017 18:22
-
Македонија 15.10.2017 15:01
Неколку пријави до Јавното обвинителство за изборни нерегуларности
Неколку пријави за изборни нерегуларности има доставено во основните јавни обвинителства, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.
-
Македонија 15.10.2017 14:59
ДИК: Излезеноста до 13 часот 27,11 проценти
Излезеноста до 13 часот според податоците добиени од општинските изборни комисии (ОИК) на територија на РМ изнесува 27,11 проценти. На ниво на Град Скопје е 29,17 проценти, соопшти портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска.
-
Македонија 15.10.2017 14:54
МВР: Гласањето без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир
Изборите засега се одвиваат без посебни проблеми или какви било нарушувања. Полицијата е на терен и постојано го следи процесот, соопштија од МВР.
-
Македонија 15.10.2017 12:20
ДИК: Излезеноста до 10 часот 8,98 проценти
Излезеноста до 10 часот според податоците добиени од општинските изборни комисии (ОИК) на територијата на Македонија е 8,98 проценти, соопшти портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска.
-
Македонија 15.10.2017 11:23
Локални избори 2017: Гласањето почна навреме, се одвива непречено
Во општините во Македонија гласањето на шестите локални избори почна навреме, во 7 часот, според извештаите од општинските изборни комисии. Засега изборниот процес тече непречено и без проблеми.
-
Македонија 15.10.2017 11:18
Македонија избира локална власт
Во Македонија денеска се одржуваат шестите локални избори по независноста на земјата. Граѓаните избираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.
-
Македонија 14.10.2017 12:43
ДИК: Гласањето на болните, изнемоштените и затворениците без проблеми
Гласањето на болните, изнемоштените и раселените лица, како и на затворениците во казнено поправните установи, што се одржува ден пред утрешните локални избори, засега се одвива добро и без проблеми, соопшти попладнево на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисја, Љупка Гугучев
-
Македонија 14.10.2017 11:10
Народен правобранител: Телефонски линии за повреда на избирачкото право
Канцелариите на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, утре на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори 2017, од 7:00 до 19:00 часот ќе бидат отворени за граѓаните, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.
-
Македонија 14.10.2017 11:07
МВР викендов ќе издава лични карти
Сите одделенија за управни работи на МВР денеска и утре, на денот на локалните избори, ќе работат и ќе издаваат лични карти на граѓаните.








