Во Македонија денеска ќе биде претежно сончево, наутро свежо, преку денот потопло. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 20 до 27 степени. Во Скопје ќе биде сончево со температура од четири до 24 степени.
-
Македонија 12.10.2017 09:48
-
Македонија 12.10.2017 08:00
Димитров на состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денеска ќе се обрати на сесија на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.
-
Македонија 11.10.2017 09:47
Честитка од претседателот Иванов по повод 11-ти Октомври
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод 11 Октомври - Денот на народното востание, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.
-
Македонија 11.10.2017 09:43
Македонија го празнува 11 Октомври- Денот на антифашистичкото востание
Седумдесет и шест години од почетокот на антифашистичкото востание и Народноослободителната војна ќе бидат одбележани со повеќе настани организирани од Владата, Собранието, Сојузот на борците и општините Прилеп и Куманово.
-
Македонија 11.10.2017 09:35
Сообраќајот по суви коловози и без застои
Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози, без застои, соопшти АМСМ.
Целосно е нормализиран и сообраќајот на магистралниот пат А3 Делчево-Македонска Каменица на м.в.„Лештаро“ атар на с.Драмче, кој синоќа беше во прекин поради сообраќајна незгода.
-
Македонија 10.10.2017 16:18
Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е гаранција за силна држава
ВМРО-ДПМНЕ е партија на граѓаните на Македонија и е гаранција за силна држава. Политиката на партијата произлегува од проекти и решенија.
-
Македонија 10.10.2017 16:16
БЕСА вети подобар живот во Куманово
Инвестиции во инфраструктурата, образованието и во спортот - најави кандидатот на Беса за градоначалник на Куманово, Дритон Сулејмани. Тој ја побара довербата од членовите, симпатизерите, граѓаните. Им вети дека ќе го подобри животот во градот во сите сфери на општетсвеното живеење.
-
Македонија 10.10.2017 16:15
Заев: Власта ќе им служи подеднакво на сите граѓани
Испишуваме историја, градиме едно општество за сите, носиме живот еднаков за сите- рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на митинзите на коалицијата „Живот во Македонија“ во Гази Баба и во Арачиново. Македонија отвора нови перспективи, а власта ќе им служи подеднакво на сите граѓани.
-
Македонија 10.10.2017 16:13
Ахмети: ДУИ произведува големи успеси и квалитет
„Со победата на Висар Ганиу во Чаир на овие локални избори ќе победи цело старо Скопје, ќе победат и оние кои нема да гласат за него“ - рече лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети на митингот на плоштадот Скендербег во Скопје.
-
Македонија 10.10.2017 15:32
Во Битола одбележан Меѓународниот ден на белиот стап
Офтомолозите максимално да посветат внимание во раното откривање на лицата со оштетен вид, а за оние кои одамна живееат во светот на мракот, надлежните институции да преземат системетски мерки за решавање на најгорливите проблеми- порачаа лицата со оштетен вид од Широк сокак, на одбележувбањето н









