Лекарката на чиешто дежурство починаа четири бебиња ќе работи под надзор на друг специјалист, ќе зема и пониска плата за 30 проценти. Ваква одлука донесе дисциплинската комисија.
-
Македонија 09.10.2017 15:11
-
Македонија 09.10.2017 15:05
Поддршка од Шведска и Финска за Македонија
Македонија и државите од Западниот Балкан имаат иднина во Европската унија, изјавија шефовите на шведската и финската дипломатија при првата заедничка посета на земјава.
-
Македонија 09.10.2017 13:29
Регистриран земјотрес во околината на Охрид
Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала утринава е почувствуван во Охридскиот регион.
-
Македонија 09.10.2017 13:05
Се одложи судењето за случајот „Сопот“
Адвокатите во случајот „Сопот“ побараа одложување на судењето, по што беше презакажано за 18-ти октомври.
-
Македонија 09.10.2017 13:00
Откриени 14 мигранти од Пакистан во возило кај Удово
Полициски службеници од Полициска станица- Валандово вчера пронашле патничко возило „Ауди А6“ со скопски регистарски ознаки со 14 лица мигранти од Пакистан, без возач.
-
Македонија 09.10.2017 11:37
Поради дефект дел од центарот на Скопје без парно греење
Поради дефект на секундарен вод од дистрибутивната топлинска мрежа во близина на Собранието на Република Македонија привремено е прекината испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите од централното градско подрачје, информираат од БЕГ.
-
Македонија 09.10.2017 11:16
Двеипол годишно дете од Велес почина на Детската клиника во Скопје
Двеипол годишно дете од Велес почина вчера на скопската клиника, поради сепса и менингитис. Детето пред два дена било хоспитализирано на одделот за неврологија со симптоми на губење свест.
-
Македонија 09.10.2017 10:10
ДИК: Во Скопје четири гласачки ливчиња
Државната изборна коисија го објави упатството за гласање. Единствено жителите на Скопје ќе гласаат на четири гласачки ливчиња, две за општината во која живеат, и две за Град Скопје.
-
Македонија 09.10.2017 10:05
Уште пет дена митинзи на партиите и коалициите
Продолжуваат партиските митинзи и средби за локалните избори. Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи средби со граѓани во Илинден и Петровец, а митинзи во Арачиново и во Гази Баба.
-
Македонија 09.10.2017 10:01
Свечена академија по повод 50 години МАНУ
Свечена академија по повод 50-годишниот јубилеј од формирањето на Mакедонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на која ќе говорат претседателите на Mакедонија и на МАНУ, Ѓорге Иванов и Таки Фити.










