Првиот ден од викендот ќе ни донесе сончево и ветровито време со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер поизразен долж Повардарието.
-
Македонија 13.10.2017 16:11
-
Македонија 13.10.2017 16:07
Пресудата за „Дива населба“ одложена за 2-ри ноември
Скопскиот Кривичен суд по барање на Министерството за внатрешни работи го презакажа објавувањето на пресудата за „Дива населба“ за 2 ноември, поради ангажираност на полицијата за време на локалните избори. Судското рочиште беше закажано за 17-ти овој месец.
-
Македонија 13.10.2017 16:05
Заложба за реализација на проекти за доброто на младите
Националниот младински совет на Република Македонија поддржан од НДИ организираше потпишување на документ за исполнување на потребите на младите со кандидатите за градоначалник на Град Скопје.
-
Македонија 13.10.2017 15:13
2.500 деца од претшколска возраст со оштетен вид
Поквалитетно образование и подобра социјална вклученост за децата со оштетен вид. Од граѓанскиот сектор велат треба да се обрне внимание и на инфраструктурата, која би го олеснила нивното движење. Во пресрет на Меѓународниот ден на белиот стап, побараа поддршка од надлежните институции.
-
Македонија 13.10.2017 14:45
Вангеловски во проверка на АКМИС системот во гевгелискиот суд
Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски и раководителот на Службата за информатика, вчера во Основниот суд- Гевгелија вршеле контрола на функционирањето на АКМИС системот.
-
Македонија 13.10.2017 12:46
Доверливиот изборен материјал доставен до Општинските изборни комисии
Избирачкиот список, печатите, гласачките ливчиња и кутиите се дистрибуирани во Општинските изборни комисии. До утре, пак, тие треба да го предадат изборниот материјал на избирачките одбори.
-
Македонија 13.10.2017 12:24
Владата обелодени уште три случаи на злоупотреби од претходната власт
Набавки од Службата за општи и заеднички работи и во Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, ангажирање советници на поранешниот премиер.
-
Македонија 13.10.2017 12:09
Сообраќајот на бул. „Илинден“ пренасочен кај Владата
Поради предизборен митинг, од синоќа од 22:00 часот се до сабота во 02:00 часот, сообраќајот на булеварот „Илинден“ ќе биде пренасочен во двата правца на потегот пред Владата, информира Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 13.10.2017 11:31
ЕУ: Да се потврди посветеноста на демократските вредности
Европската унија ги охрабрува политичките лидери, нивните партии да го искористат изборниот процес за да ја потврдат и покажат својата посветеност на демократските вредности и владеење на правото, се наведува во заедничката изјава на делегацијата на ЕУ и на амбасадите на земјите- членки на Унијат
-
Македонија 13.10.2017 10:20
Почина професионален војник по гаснење пожар на Криволак
Професионален војник починал синоќа во Здравствениот дом во Неготино, откако претходно со своите колеги учествувал во гасење пожар на армискиот полигон Криволак, кој избувнал по извршено планско гаѓање од единица на АРМ.










