Ќе имаме безбедни училишта и градинки, паркови полни со зеленило и радост, спортски сали, културни центри, можности за образование, работа и простор сите да ги реализираат своите идеи – рече пред жителите на Аеродром кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески.
-
Македонија 17.10.2025 16:53
-
Македонија 17.10.2025 16:39
Редовен јавен превоз, безбедни патишта, скратено време на патување, вети Шукова
Потребен ни е еден мандат да покажеме што значи чиста и организирана општина, рече пред жителите на Бутел, Оливера Ливриниќ, кандидатка на СДСМ за градоначалничка на Бутел. Таа доколку ја добие довербата, вети општина со врвни услуги, отчетна и одговорна кон сите граѓани.
-
Македонија 17.10.2025 15:33
Одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Кривичниот суд го одобри и вториот обвинителен акт поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“. Како што соопштуваат од судот, обвинението против едно лице било доставено на 4-ти септември и станува збор за сопственикот на фирмата за обезбедување Рубикон.
-
Македонија 17.10.2025 14:56
Последен ден кампања, на полноќ почнува изборниот молк
Последен ден кампања на кандидатите за градоначалници и советници од владејачките партии, кои учествуваат на локалните избори.
Во финишот, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во Охрид, каде се претставува Кирил Пецаков кој бара нов мандат од граѓаните.
-
Македонија 17.10.2025 13:49
Лишен од слобода турски државјанин на Граничен премин Табановце, кај него е пронајдена марихуана, следува соодветна пријава
На 16.10.2025 во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.Х.(27) од Република Турција. При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка.
-
Македонија 17.10.2025 13:18
Ден на командата за операции
Армијата е докажан столб на безбедноста и таа мора да продолжи да се модернизира, надградува, истакнаа на денот на командата за операции, кој се одбележа во касарната Боро Менков во Куманово.
Свеченоста ја следеше Елена Георгиевска.
-
Македонија 17.10.2025 13:03
В недела е гласањето, МВР ќе користи дронови за безбедни избори
Министерството за внатрешни работи в недела, на денот на одржувањето на првиот круг од локалните избори, во близина до избирачките места и на клучните сообраќајни точки ќе постави полициски службеници, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир.
-
Македонија 17.10.2025 12:15
Андоновски: Македонија добива Национална ИКТ Стратегија – „СМАРТ/МК 2030“
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што Македонија, по осум години, конечно добива современ и сеопфатен план за дигитален развој.
-
Македонија 17.10.2025 11:04
Лишено од слобода лице од скопско, превезувал прехранбени производи без документација
На 16.10.2025 година полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од с. Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С. Македонија.
-
Македонија 17.10.2025 10:07
Алиу: Набавивме најголем број вакцини против сезонски грип – досега се пријавени околу 49 илјади граѓани
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонски грип.










