Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со заменик министерот Јовица Андовски, денеска ја посетија Општата болница во Прилеп по повод промоција на нова медицинска опрема, во вредност над 50 милиони денари.
-
Македонија 16.10.2025 18:47
-
Македонија 16.10.2025 18:28
Почна вакцинација против сезонски грип
Почна имунизацијата против сезонски грип. Оние кои спаѓаат во ризичната група граѓани веќе се пријавуваат за бесплатната вакцина на апликацијата вакцинација.мк или преку својот матичен лекар.
Годинава се набавени 80.000 вакцини против сезонски грип.
-
Македонија 16.10.2025 17:55
Ултрамаратонците му оддадоа почит на Тоше
Осумнаесет години без Тоше, но со многу тага, болка и уште повеќе сеќавања за врвниот музичар, големиот хуманитарец, човекот со срце за секого.
-
Македонија 16.10.2025 17:32
Закажана главната расправа за судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
Правдата доби датум, но треба да добие и епилог. На 19 ноември, 34-ца за пожарот во кочанската дискотека, седнуваат на обвинителна клупа. Ќе им се суди за тешка дела против општата сигурност. Дополнително, со обвинението се опфатени и три фирми.
-
Македонија 16.10.2025 17:09
Економски развој на Чаир и вложувања во образованието, ветува Меџити
Чаир ќе стане општина – лидер во искористување на европските фондови во Македонија. Ова го изјави кандидатот за градоначалник, Изет Меџити од коалицијата „Вреди“. Тој рече дека се залага за економски развој, за вложувања во образованието и во другите сфери.
-
Македонија 16.10.2025 17:00
Сериозен технички проблем е причината што МРТ вчера не ги емитуваше телевизиските дневници
Сериозен технички проблем со кој со соочи јавниот сервис е причината што Македонската Радио-телевизија вчера не ги емитуваше телевизиските дневници во 17, 19:30 и во 22:30 часот, како и предвидената дебатна емисија за изборите.
-
Македонија 16.10.2025 16:53
Две нови современи градинки во Чаир, најави Османи
Решавање на прашањето со проблемите за упис во градинките во Чаир е дел од понудата на кандидатот за градоначалник од Националната алијанса за интеграција. Османи рече дека станува збор за горлив проблем, и поради немањето доволно места и поради лошите услови во претшколските установи.
-
Македонија 16.10.2025 16:39
Левица во Струмица ја презентираше програмата
Да направиме промена на 19 ти октомври и конечно да се прекине црнобелата слика во Струмица. Вака истакна носителката на листата за советници во Општина Струмица од партијата Левица Јасмина Пијанманова која со лидерот Димитар Апасиев имаа средби со граѓаните
-
Македонија 16.10.2025 16:20
Јакимовски најави субвенционирање на копање бунари за техничка вода
Стевчо Јакимовски, кандидат за градоначалник на Карпош од коалицијата „Искуство за успех“, најавува субвенционирање на копање бунари за техничка вода.
Јакимовски, кој бара нов мандат од граѓаните на Карпош, вели дека ќе продолжи со правење енергетско ефикасни фасади на зградите.
-
Македонија 16.10.2025 15:53
Завршна конференција на Лабудовиќ од ЗНАМ
Центар е повеќе од општина, тоа е енергија, приказна и начин на живот, вели кандидатот за градоначалник од движењето ЗНАМ, Мирослав










