-
Македонија 13.10.2025 13:42
Случајот со д-р Кузмановски ја бранува јавноста
Лекарската комора треба да заседава по случајот со разрешениот доктор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, по видеото на социјалните мрежи на кое се гледа дека користи дрога. Тој се извини и повлече од функцијата но најави дека ќе работи како доктор. -
Македонија 13.10.2025 13:19
Продолжува судењето за Раде Трајковски - Штекли
Во Кривичниот суд продолжува судењето за случајот Раде Трајковски - Штекли. Мината недела заврши сослушувањето на вештите лица од Обвинителството. Судечкиот совет најави дека ќе ги разгледа сите вештачења и ќе донесе одлука денеска.
-
Македонија 13.10.2025 12:44
ДКСК во најголем дел ги отфрли пријавите по изборните предмети
Министерството за правда не постапило спротивно на Изборниот законик, Законот за корупција и Законот за судир на интереси, со објавата за доделување лиценци за вештаци во текот на изборниот процес, одлучи Државната комисија за спречување на корупција.
-
Македонија 13.10.2025 12:31
Изречени две судски пресуди за градоначалникот Рамиз Мерко
Условна казна во времетраење од една година за незаконско назначување на директор во училиштето во Велешта, и парична казна во износ од 2.500 евра за школото „Браќа Миладиновци“.
Условна казна добија и двајцата вработени во училиштето во Велешта за фалсификување на исправа.
-
Македонија 13.10.2025 11:15
Утре и во среда посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетите на Пелегрини и Фон дер Лајен
На 14-ти и 15-ти октомвти (вторник и среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини.
Во среда пак, во официјална посета ќе присуствува претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.
-
Македонија 13.10.2025 11:03
Продолжува судењето за случајот „Штекли“
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за случајот Раде Трајковски „Штекли“.
-
Македонија 13.10.2025 10:31
Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
-
Македонија 13.10.2025 10:09
Фон дер Лајен в среда доаѓа во Скопје во рамки на турнејата низ Западен Балкан
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, денеска од Тирана ја започна тридневната турнеја низ земјите од Западен Балкан, во рамки на која в среда попладне ќе пристигне и во Скопје.
-
Македонија 13.10.2025 09:09
Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција
Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на Република Турција.
-
Македонија 13.10.2025 08:52
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.










