Денеска во Скопје, Министерството за внатрешни работи беше домаќин на конференцијата за воспоставување на Регионална асоцијација на полициски академии и центри за обука во Југоисточна Европа, на која присуствуваа претставници од повеќе држави од регионот и меѓународни партнери.
-
Македонија 14.10.2025 12:58
-
Македонија 14.10.2025 12:50
Почна судењето за случајот „Талир 2“, на Груевски ќе му се суди во отсуство
Во Кривичниот суд одново почна судењето за случајот „Талир 2“ во кој обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски за незаконска изградба на партиското седиште. На барање на обвинителството нему ќе му се суди во отсуство поради опасност од застарување на делото.
-
Македонија 14.10.2025 11:48
Втора министерска средба за Зелената агенда за Западен Балкан во Дубровник
Во Дубровник денеска се одржува втората министерска средба за Зелената агенда за Западен Балкан (GAWB), во рамки на Берлинскиот процес 2025.
-
Македонија 14.10.2025 11:37
Почина музичарот Владимир Блажев-Панчо
Почина познатиот македонски музичар Владимир Блажев – Панчо од хип-хоп дуото ДНК, кој беше тешко повреден во пожарот што се случи ноќта на 16 март 2025 година во дискотека „Пулс“ во Кочани, и оттогаш се лекуваше во приватна болница во Скопје.
-
Македонија 14.10.2025 11:01
Уставниот суд организираше тркалезна маса за клучните елементи на Нацрт-закон за Судот
Настанот го отворија претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, и Симона Јорданов, национален офицер за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
-
Македонија 14.10.2025 10:42
Фон дер Лајен утре во Скопје на средба со државниот врв
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен ја почна турнејата низ Западен Балкан. Ќе ја реафирмира поддршката на ЕУ за членство на земјите од регионот. Утре доаѓа во Скопје на средба со македонскиот државен врв.
-
Македонија 14.10.2025 09:36
На Попова Шапка најстудено, Гевгелија најтопло
Утринава, до 8:30 часот, најстудено беше на Попова Шапка, каде се измерени -1 степен Целзиусов. Спротивно на тоа, најтопло во исто време беше во Гевгелија со 11 степени, известија од Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Македонија 14.10.2025 08:47
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 14.10.2025 08:28
Продолжува предизборната трка
Како се наближува денот на гласањето за прв човек во општините и за советници, така се интензивираат изборните активности. Реториката сè пожестока.
-
Македонија 14.10.2025 08:25
Претседателот на Словачка во посета на Македонија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе биде домаќинка









