-
Македонија 06.01.2015 09:34
Забранa за тешки возила на патот Маврово-Дебар-Струга и на Стража
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, наместа со остатоци од снег по коловозите. Врнежи од слаб снег се бележат во северните, северозападните и југоисточните делови на државата. -
Македонија 05.01.2015 18:04
Дебата за реформите во високото образование
Не сакам дипломите да станат предмет на цена. Ние немаме избор. Немаме природни ресурси како нафта и гас, образованието мора да биде наш најсилен ресурс. Свесно влеговме во ова за доброто на сите.
-
Македонија 05.01.2015 17:05
„Професорскиот пленум“ одби јавна дебата
Професорите од „Пленумот“ кои се противат на реформите во високото образовение од премиерот Груевски побараа дебатата за новините да не се води во хотел. Груевски прифати и ги повика аргументите да ги соочат во Парламентот.
-
Македонија 05.01.2015 16:38
Свети Наум зимски одбележан на Попова Шапка
Со света божествена литургија, запалени свеќи и молитва во манастирскиот комплекс на Попова Шапка беше одбележан неговиот патрон Свети Наум Охридски- Чудотворец.
-
Македонија 05.01.2015 16:24
ФЗОМ со поголем буџет од лани, утврдени квоти за општите хирурзи
Годинава Фондот за здравство планира да потроши речиси една ипол милијарда денари повеќе од лани. Зголемувањето го диктираат крупните зафати во Јавните здравствени установи, клиниките и болниците.
-
Македонија 05.01.2015 15:58
Крушево преполно со туристи
Крушево овие денови е буквално сардисано од туристи од цела Македонија. Се бара кревет повеќе, дури и не се прашува за неговата цена. Сместувачките капацитети се резервирани скоро за цел јануари. Ски лифтовите и жичарите работат со полна пареа.
-
Македонија 05.01.2015 15:10
Сите населени места добија струја
Во земјава нема веќе критични места ниту региони без напојување со електрична енерегија, информираа од Кризниот штаб.
-
Македонија 05.01.2015 14:43
Дебатата за високото образование, на барање на професорите, во Собранието
Иако првично најавено дека јавната дебата за измените во високото образование ќе се одржи во „Александар Палас“, дискусијата се префрли во Собранието. Ова и лично на професорите им го соопшти и премиерот Груевски.
-
Македонија 05.01.2015 13:16
Јавен оглас за организациски директори во јавните здравствени установи
Две недели ќе трае јавниот оглас за организациски директори во јавните здравствени установи во земјава. Не станува збор за позицијата втор директор, туку за рамноправен однос со медицинскиот директор.
-
Македонија 05.01.2015 13:08
Кризен штаб: Нема веќе критични точки, речиси сите населени места добија електрична енергија
Во земјава веќе нема критични точки и речиси сите населени места добија електрична енергија. До вечер, струјата ќе стигне и до неколкуте преостанати ненаселени населби Луково, Гари и Лазарополе.










