Уставниот суд донесе одлука да не отвори постапка за иницијативата на Светскиот македонски конгрес за повреда на Изборниот законик.
-
Македонија 17.09.2025 18:12
-
Македонија 17.09.2025 17:58
Предизборни обвинувања на партиската сцена
Кој кого политички продава, предизборни препукувања на партиската сцена. Откако Левица истакна кандидати за Струга, Тетово и Гостивар, коалицијата Вреди обвинува дека ДУИ ја продава Струга на Левица.
-
Македонија 17.09.2025 17:44
Обвинителството отвори предистрага за пожарот во сервисот во Пинтија
Основното јавно обвинителство отвори предистрагата за пожарот во сервисот за автомобили во Пинтија по доставено известување од МВР. Од Обвинителството е побарано да бидат издадени наредби за обезбедување на снимки од неколку локации и други докази за откривање на сторителот.
-
Македонија 17.09.2025 17:27
На 22-ри септември пресуда за онкологот Мери Пешевска, која призна вина за тешки дела против здравјето на луѓето
Од сега натаму го носам печатот в џеб, а мојот профил во системот се гаси кога не сум на работа, рече лекарката Мери Пешевска, обвинета дека со нејзин потпис се аплицирала терапија кај седуммина пациенти болни од канцер на кои подоцна им се влошила состојбата.
-
Македонија 17.09.2025 17:03
Увид на местото на пожарот во скопско Трубарево
Почна увидот во опожареното складиште за електронски отпад во Трубарево. На терен увидни екипи кои по налог на јавен обвинител подигаа траги од самото место за да утврдат како настанал пожарот и како се складирал отпадот во магацинот.
-
Македонија 17.09.2025 16:36
Институционална координираност и построги казни за екоцид
Се е предвидено во законот за процесуирање на тешките дела против животната средина и природата.
-
Македонија 17.09.2025 16:20
Лишени од слобода две лица од Струга и струшко, осомничени за физички напад и пукање од огнено оружје
Синоќа во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.К.(29) од Струга и на 17.09.2025 околу 11:00 часот го лишија од слобода Л.К.(34) од струшкото село Велешта во врска со кривично дело „убиство“ во обид по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
-
Македонија 17.09.2025 15:41
Квалитетот на воздухот во Трубарево во рамки на дозволените граници
Министерството за животна средина и просторно планирање, преку податоците добиени од автоматските мерни станици на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, ја информира јавноста за состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух во населбата Трубарево.
-
Македонија 17.09.2025 15:26
Уште едно обвинение против Мерко за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим
Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО.
-
Македонија 17.09.2025 14:56
Започнува кампањата „Катастар до тебе“ – Агенцијата за катастар поблиска до граѓаните
Агенцијата за катастар на недвижности започнува со нова кампања под наслов „Катастар до тебе“. Првата промоција ќе се одржи во четврток, 18 септември 2025 година, од 16 до 19 часот во Општина Аеродром.










